17.8 C
Скопје
18:36 - 26 април, 2024

Пет идеи за посен ручек на Велики петок

Велики петок е еден од најтажните денови во христијанството. На овој ден Исус е распнат на крстот.

Овој празник се одбележува со строг пост, воздржување од славење и без работа.

Ова се пет идеи за ручек подготвен на вода:

Палента на вода

Направете ја палентата на вообичаен начин. Настрана издинстајте кромид и додадете сок од домати, зачинет по желба. Откако сосот ќе проврие прелијте врз палентата.

Крем-чорба

Потребни ви се два компира, два моркова, една главица кромид, 300гр спанаќ и три чешниња лук. Зеленчукот исецкајте го во тенџере, налејте вода и додадете зачини. Варете околу еден час. Со блендер направете крем супа.

Пита со праз и ориз

Користете готови кори, еден праз, сварен ориз, зачини и минерална вода. Издинстајте го исецканиот праз, па додадете ги оризот и зачините. Во тавчето за печење ставете една кора, па посипете со минералната вода. Врз него згужвајте неколку кори и филувајте. Завршете со една кога најгоре. Печете 20 минути на 200 степени.

Грав на вода

Половина килограм грав потопете во вода да преноќи. Наредниот ден ставете го да проврие во друга вода, која потоа ќе ја фрлите и ќе го ставите во трета вода. Настрана исецкајте кромид, морков и сува пиперка. Додадете во гравот. Варете околу еден час.

Рижото со зеленчук

Потребни ви се една шолја бел ориз, 150гр грашок, три исецкани моркови, пченка, сол, бибер, куркума и магдонос. Издинстајте го зеленчукот. Настрана сварете го оризот. Измешајте ги оризот и зеленчукот и зачинете.

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....