15.8 C
Скопје
19:26 - 19 октомври, 2026

Ова го може само тој! Чола успеа да направи нешто што колегите од Балканот може само да сонуваат!

Интересот за концертите на Здравко Чолиќ во Белград не престанува. Влезниците за четирите настапи во најголемата сала на Балканот се продале со невидена брзина, а публиката и понатаму бара влезница за најголемиот спектакал на годината.

Желбата на фановите за најголемата музичка ѕвезда на овие простори секогаш била заповед, па решил да направи и петти концерт, кој ќе се одржи на 27 декември во Штарк Арената. Чолиќ од почетокот на својата кариера бил апсолутен рекордер по бројот на концерти, продадени албуми, хитови кои некои живеат и половина век. Тие рекорди ги руши и денеска.

Ваков успех можеби и не треба да не чуди. Уште од неговата прва голема турнеја, во далечната 1978 година на кој го промовираше албумот „ Ako priđeš bliže“, а кој беше распродаден е во повеќе од еден милион копии.

Анкетите во весниците го прогласуваа за најдрага личност, а секоја насловна страница го имала неговиот лик.

Беше ѕвезда во сите свои бои и нијанси, а со популарноста и успехот Чола ја немаше очекуваната неудобност. Напротив. Беше скромен како што е ѝ денеска. Снимил 15 студиски албуми, одржал илјадници концерти, продал милиони албуми, километри плочи и други носачи на звук.

И без дилема, Здравко Чолиќ е најголемата музичка ѕвезда на овие простори!

Слични објави

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо
Се вчитува....