05:39 - 29 ноември, 2026

„Не сум тешко болен“: Бора Чорба ги демантираше гласините дека му се ближи крајот!

Бора Ѓорѓевиќ се огласи по информацијата дека боледува од рак на простата и дека наскоро ќе оди на лекување. Оваа вест ја пренесоа многу медиуми од целиот регион.

– Бора неодамна дозна дека е болен. Единствено решение е операција – изјавил извор кој сакал да остане анономен.

Фронтменот на групата „Рибља Чорба“ со кратко соопштение ја информираше јавноста за неговата состојба.

– „Рибља Чорба“ не откажала, а нема ни да откаже настап. Напротив, веќе на седми декември сме во Минхен, а во подготовка сме за големата турнеја. Се закажуваат датуми и за во Америка. Веста за откажувањето на концертите е злонамерна и со тенденција да ни го обезвреди нашиот навистина добар албум „Да те нема тебе“ и да внесе несигурност кај нашите фанови и да ги обезхрабри организаторите – изјавил Бора.

– Исто така злонамерно е напишано дека бараме некакви пари. Благодарам на сите кои понудија парични средства, но пари нас не ни се потребни. Сите во бендот сме осигурани.

На крај Ѓорѓевиќ истакнал дека не е тешко болен што се гледа и по успешната турнеја во 25 градови.

– Свириме и пееме подобро од било кога!

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....