15.8 C
Скопје
11:45 - 26 април, 2024

Меланија Трамп се обрати на јавноста за коронавирусот: Сите сме заедно во ова! (ВИДЕО)

Првата дама на Америка вчера со кратко видео ѝ се обрати на јавноста, укажа на опасноста од пандемијата и прати силна порака. Не дозволи обесхрабрување, па се присети и на позитивните работи.

„Денес сакам да разговарам со вас во врска со коронавирусот и што тој значи за вас и вашето семејство. Иако сега треба да се извршат промени, нема така да живееме постојано. Нашите деца ќе се вратат во училиште , луѓето ќе се вратат на работа, повторно ќе се собираме на верски настани, концерти и спортски случувања“, рече Меланија.

Видеото е објавено на Твитерот на првата дама, во исто време кога во Белата куќа беше одржан состанок за коронавирусот со претседателот Трамп.

„Ве повикувам да останете поврзани со семејството и саканите личности преку видео-чет, телефонски повици, друштвени медиуми и други технологии“, вели Меланија, повикувајќи ја јавноста да ги следи назнаките на Центарот за контрола на болести и превенција.

„Останете на сигурно. И запомнете, додека многу од нас се одвоени, сите сме заедно во ова“, заврши првата дама.

Слични објави

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо
Се вчитува....