13.8 C
Скопје
00:05 - 2 мај, 2024

КАКО СТОИТЕ СО СВОИТЕ ФЕТИШИ: Уживате во болка за време на секс или играте на сигурно?

Сексуалните желби, апетити и преференции варираат од една крајност во друга, но и зависат од карактерот на самите личности кои се вклучени во односот.

И додека едни уживаат во стандардниот, ванила секс, постојат и оние кои сакаат малку (или многу) поекстремна игра кога е во прашање задоволството во спалната соба.

Едни сакаат да контролираат, други да бидат контролирани, трети да експериментираат и да ги тестираат своите граници. Многу фетиши кои некогаш биле чудни, денеска се нормализирани, благодарение на индустријата на филмови на возрасни, која мотивира одредена група луѓе да испробува различни нешта.

А ова се дел од причините зошто некои луѓе уживаат во болка за време на секс:

Мозочна хемија и сензација

Се верува дека благодарение на напливот на хормони и на сексуалната атмосфера, некои луѓе стануваат поотпорни на физичка болка, односно го будат мазохистичкиот дел од себе, додека партнерот го буди садистичкиот. Најважно е уште на почеток да се разграничат нештата и да се дефинираат лимитите, за да нема несакани последици. Но, она што е сигурно е дека сè повеќе луѓе уживаат во удари, штипење и гребење, кои им предизвикуваат дополнително задоволство.

Психолошки причини

Некогаш причините за уживањето во болка се психолошки и се поврзани со одредена траума. Болката во сексуален контекст може да има исцелувачко влијание врз некои лица, кои во тој момент си докажуваат сами себе дека се поиздржливи од она што мислат.

Кршење табуа

Кршењето на сексуалните табуа носи подеднаква возбуда како кога во детството ќе направиме одредена белја, која знаеме дека е против правилата. Самото сознание дека нешто е „недозволено“ ја прави целосната игра многу повозбудлива.

Безбедност при ваквите игри

Помалку или повеќе, секој се обидел да експериментира кога е сексот во прашање, а потоа носи одлука дали тоа му се допаѓа или не. Овие игри практикувајте ги со партнер во кој сте сигурни дека не му е намерата физички да ве повреди, туку дека подеднакво сака да биде изложен или вас да ве изложи на одреден степен на болка. Внимавајте на знаците кои укажуваат дека ваквото однесување преминува во насилство.

5 секс пози кои задолжително треба да ги проба секој пар (ФОТО)

Слични објави

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....