За напуштањето на кралското семејство и започнувањето на самостоен живот на принцот Хари и Меган Маркл не престанува да се зборува, а сега конечно се фотографирани заедно по заминувањето од Англија.
Меган и Хари се фотографирани во Канада на еден аеродром.
Тие изгледаат среќно додека излегуваат од авионот. По долго време конечно јавноста може да ги види во поопуштено издание.
Принцот носеше качкет, додека Меган папараците ја фатија во лежерно издание во моментот кога кошулата и се оттргна.
Доколку судиме според овие фотографии, Хари и Меган уживаат во љубовта и не се грижат за пишувањето на медиумите за нивниот нов живот во Канада.
Како што пишува Дејли Мејл, Хари и Меган веројатно биле на деловен состанок во САД, а се чини дека состанокот бил успешен бидејќи и двајцата се вратиле со насмевка на лицето и биле видно расположени по излегувањето од авионот.