21:37 - 7 јули, 2026

(Фото) Тамара Чуприна го одбележа 30. роденден со најблиските – сопругата на Дарко Велковски направи голема прослава

Тамара Чуприна, сопругата на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, наполни 30 години, а јубилејот го прослави во опуштена атмосфера со семејството и најблиските пријатели.

Од фотографиите и видеата што ги објави на социјалните мрежи може да се види дека прославата била организирана во елегантен црно-бел стил. Просторот беше украсен со бели балони и црни панделки, а во истиот дух беше изработена и роденденската торта, украсена со црни детали и свеќички.

Славеничката избра краток црн фустан, надополнет со светкави потпетици, а подоцна удобноста ја стави во преден план и обувките ги замени со рамни влечки.


Во центарот на вниманието беа и Дарко Велковски и нивните синови, Ведран и Видан. Четворицата заедно ги изгасија свеќичките на тортата, а семејните фотографии беа меѓу најубавите моменти од вечерта.

Тамара сподели и видеа од прославата, на кои се гледа дека одлично се забавувала. Во еден момент зеде микрофон и им запеа на гостите, кои ја наградија со аплауз и насмевки.

Дарко Велковски и Тамара Чуприна ја крунисаа својата љубов со свадбена прослава во јуни 2023 година, откако претходно склучија граѓански брак. Денес се родители на два сина – Ведран, роден во февруари 2022 година, и Видан, кој се роди во јуни 2024 година.

Слични објави

Едина Муса откри дека морала повторно да се подложи на операција

Еспресо

Анегдота на Игор Џамбазов за случката со Владо Јаневски на избор за мис

Еспресо

Дарко Лазиќ се огласи за уапсената Лаура, за која се тврдеше дека била видена со него во хотел

Еспресо

Еве со што се занимавала Ана Николиќ пред да стане пејачка: Заработував неколку плати на моите родители

Еспресо

Влатко Плвенеш откри непозната приказна за Силви: „Се извинувам за мир во куќа“

Еспресо

Десингерица го напушта шоуто „Пинкови ѕвезди“! Откриено зошто повеќе не сака да биде дел од жирито

apostolova
Се вчитува....