19:01 - 27 јули, 2026

Едина Муса откри дека морала повторно да се подложи на операција

Популарната кошаркарка  Едина Муса или една од најхрабрите и најмотивирачки жени од нашиот јавен живот, кога се работи за вежбање и „нема откажување“,  вчера се огласи на својот инстаграм- профил.

„Кој оди сам на операција со ранче“, напиша таа и објави фотографија на пат кон болница.

Претходно спортиската објави видео на стори каде што образложи дека пред неа има нов здравствен предизвик и дека во моментот го прави последниот тренинг, пред подолга пауза.

„Ова е последниот тренинг пред операција, моја шеста операција на коленото, благодарение на сите тие напорни тренинзи кои ги имав во Америка. Малкумина од вас знаат дека кога игравме финале со Струга, на првата утакмица го повредив менискусот, и притоа играв уште две утакмици повредена, односно не можев да трчам, имав болки, имав сецкање во коленото,“, образложи таа.

Муса поајсни дека при вежби со тежина нема никаков проблем, меѓутоа е тотално ограничена за какво било трчање, менување на правец.

Таа како и секогаш со насмевка пред секој предизвик што ѝ го носи животот, па така во следната објава напиша дека овој одмор ќе ѝ дојде добро таман да си ја дочита книгата.

Посочи дека операцијата на некој начин и добро и дошла, за да се наспие, како што вели, вака не се наспала од кога е роден нејзиниот син Максим.

По 20 часа Муса се враќа дома во добра состојба, сè поминало во добар ред, како што вели во својата објава.

 

 

Слични објави

Миа Костова без влакна на јазикот: „Да плачам со едната града надвор, утре ќе имам 150.000 следачи“

Еспресо

(Фото) Го бакнува и го прегрнува сопругот Марко: Анѓелка Прпиќ сподели прекрасни љубовни фотографии

Еспресо

(Фото) Андријана „Кеш“ се вери – пејачката доби романтична понуда за брак на плажа

Еспресо

Џејла Рамовиќ го одложи концертот поради трагедијата во која животот го загубија пет планинари

Еспресо

(Фото) Северина откри како се опушта по настапите: „Не можете да ми замерите дека не јадам“

Еспресо

(Фото) Паметна инвестиција: Зошто мебелот од Wood Room е вистински избор?

Еспресо
Се вчитува....