08:16 - 27 ноември, 2026

Анегдота на Игор Џамбазов за случката со Владо Јаневски на избор за мис

Пред неколку месеци Игор Џамбазов се присети на една необична случка со Владо Јаневски во Кочани.

„Се јавува еден, го организира ’Мис на Кочани‘. Ми се јавува мене и ми вели: ’Сакаме ти и Владо Јаневски да бидете во жири. Ќе свири некој бенд‘. Доаѓаме и имаше две бараки, службени, и јас му велам: ’Да им земеме податоци на девојките, име и презиме, година на раѓање, висина, гради, омилен глумец, боја‘. Овој ме гледа, ми вика: ’Срцка, не се пријави ни една“, раскажа Игор Џамбазов за радио Кочани.

Кога актерот го прашал организаторот што ќе прават, тој му одговорил: „Ќе се качиш на сцената, и трите најубави од публиката што ќе ги видиш, ќе ги кажеме кои се. Му реков ’важи‘ и на Владо му реков: ’Пеј две песни и те чекам во колата надвор‘. Пееше Владо две песни, имаше тој една девојка, нè возеше, ’куршум‘ за еден и пол час во Скопје. Избегавме! Мис на Кочани, ни една пријавена“, се присети Игор Џамбазов.

Слични објави

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо
Се вчитува....