08:07 - 27 ноември, 2026

Дарко Лазиќ се огласи за уапсената Лаура, за која се тврдеше дека била видена со него во хотел

Дарко Лазиќ тврди дека не ја познава Лаура Пргомет, на која по инцидентот во Дубровник ѝ бил одреден притвор од 30 дена.

Пејачот се огласи преку својот тим за односи со јавноста, откако во медиумите се појавија информации за неговата наводна поврзаност со старлетата. Според пишувањата, откако Лазиќ го завршил настапот во Дубровник, двајцата наводно заминале во еден хотел.

Како што пренесуваат извори на српскиот весник „Курир“ од Хрватска, атмосферата на концертот била исклучително весела, а Лаура била меѓу најрасположените гости. Сведоци, чии имиња му се познати на медиумот, тврдат дека по завршувањето на настапот таа продолжила да се дружи со пејачот.

Сепак, во својата изјава Лазиќ категорично негирал дека ја познава Пргомет и ги отфрлил сите наводи дека е поврзан со неа.

„Не ја познавам таа девојка, првпат ја гледам“, кратко изјавил Дарко Лазиќ за „Курир“.

Надлежните органи продолжуваат да работат на случајот против Лаура, додека Дарко Лазиќ по оваа тема повеќе не се огласувал.

Да потсетиме, на учесничката во реалното шоу „Господин совршен“ ѝ бил одреден едномесечен притвор по инцидентот што го предизвикала во кафулето „Бразил“ во дубровничката населба Лапад.

Информацијата за „Дубровнички дневник“ ја потврдил портпаролот на Жупанискиот суд во Дубровник, Перо Милоглав, кој изјавил дека судијата за претходна постапка го прифатил предлогот на Општинското државно обвинителство и ѝ одредил притвор поради сомнение дека сторила две кривични дела – напад врз службено лице.

Имено, старлетата при приведувањето физички нападнала полицаец, кој не бил повреден, како и полициска службеничка на која при инцидентот ѝ нанела полесни телесни повреди.

Слични објави

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо
Се вчитува....