07:54 - 27 ноември, 2026

Еве со што се занимавала Ана Николиќ пред да стане пејачка: Заработував неколку плати на моите родители

Ана Николиќ со години е присутна на музичката сцена, а својот пат во естрадниот свет го започнала уште како тинејџерка. Сепак, пеењето не било нејзината прва работа.

Имено, во тинејџерските години Ана работела како келнерка, бидејќи нејзините родители не можеле да ѝ овозможат сè што посакувала. За тоа таа своевремено отворено зборувала во јавноста.

„Кога почнав да излегувам, ми требаа пари. Но, родителите ми рекоа дека не можат да ми дадат, бидејќи немаат. Решив да се вработам за време на летниот распуст. Јас и другарката Ана Стојанчиќевиќ земавме послужавници во раце и почнавме да работиме како келнерки во едно кафуле кое слабо работеше. Но, тоа лето кафулето процвета. Секој ден правевме шоу. Заработив две или три плати колку платите на мајка ми и татко ми. Повеќе не морав да барам пари од нив и бев среќна, бидејќи сакам да бидам независна“, раскажала Николиќ во едно интервју за „Блиц“.

Пејачката претходно зборувала и за својот поглед кон животот, откривајќи дека со проблемите се справува со насмевка и позитивен став.

„Пред сè, се сметам себеси за позитивна личност и токму од тој оптимизам произлегува целата моја сила. Кога ќе се соочам со некој проблем, само си велам: ‘И ова ќе помине’, ставам насмевка на лицето и се трудам да ги решам проблемите. Не чекам со скрстени раце тие сами да исчезнат. Мојата судбина е во мои раце“, изјавила Ана.

 

Слични објави

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova
Се вчитува....