Приватна приказна од нивниот дом откри дуото „Силви бенд“, брачната и музичка двојка Силвана Мучиќ – Плевпеш и Влатко Плевнеш.
Во гостувањето во емисијата „Магазин“ на телевизија Сител, тие во опуштена атмосфера и со многу хумор зборуваа за својот приватен живот.
Во едно од најинтересните прашања поврзани со нивните домашни недоразбирања, Влатко без двоумење призна дека тој е оној кој најчесто попушта:
„Јас се извинувам. Ако чекаме од Силви, ќе почекаме пет месеци“, рече низ насмевка музичарот.
На ова, Силви ја објасни својата страна на приказната:
„Па, како да се извинам за нешто што не сум згрешила? Јарците се познати по тоа што се праведен знак… знам кога грешам и кога не сум во ред и се повлекувам, така што не е проблем. И сум личност што се извинува и на улица ако заборави на некого да поздрави.“
Сепак, Влатко на шега додаде дека Силви е „опасна со аргументите“ и дека дури и кога не е во право, со нејзиниот карактеристичен стил на крајот ќе ги сврти работите во своја корист. На прашањето дали тој се извинува само за „мир во куќа“, Влатко потврди: „Буквално така. Само што таа никогаш не е во право“.
Во популарниот сегмент со брзи прашања каде што партнерите треба да покажат со покажување со прст кој е „виновникот“ за одредени навики, Силви и Влатко открија интересни детали:
На прашањето кој повеќе чисти дома, Силви покажа кон себе, а Влатко се согласи дека таа е главната за одржување на редот.
Исто така Силви откри дека таа прва се буди наутро.
„Силви бенд“ на 24 јули ќе одржат концерт во Охрид, во родниот град на Влатко Плевнеш, на летната сцена на „Долни сарај“.
Неодамна, Силви Плевнеш беше гостинка во емисијата „Фактор среќа“ на ТВ Алфа, која ја води Ирена Спировска.
Силви зборуваше за благословите во животот, и за најубавите моменти кои ја дефинирале како мајка на нејзината ќерка Деа Делина, но и како баба.
Таа пред камерите сподели длабока и емотивна приказна за нејзиното семејство, и како раѓањето на внуката Малика ја разбудило најубавата љубов во неа.
„Господ тоа го осмислил и… не сме ни свесни какви сè благослови тој ни дава. Еден од најубавите и волшебни моменти во мојот живот беше кога ја родив ќерката, во Германија, на турнеја. Му благодарам на Господа што не ме остави без ќерка.
Но, вториот исто така грандиозен момент којшто буквално го почувствував исто, само што не родив јас, е кога ми се роди внуката, малата Малика. И не можам да ви опишам каква среќа е тоа, каква радост и каква љубов.
Велат старите – ќе видиш колку се сака внуче, повеќе од од сопственото дете. Повеќе… не повеќе, но но оваа љубов е, знаете вие веќе имате искуство позади себе. Веќе сте биле родител, сте ги научиле грешките, сте ги осознале во меѓувреме сите можни грешки и убави работи што сте ги направиле со своето дете“, рече Силви.
