05:47 - 29 ноември, 2026

(ФОТО) ЌЕРКАТА НА САЛМА ХАЈЕК Е НЕЈЗИНА КОПИЈА: Актерката ја покажа својата наследничка која со години ја криеше од јавноста

Актерката Салма Хајек е активна на социјалните мрежи и често споделува бројни детали од нејзиниот приватен живот пред публиката, но еден дел од интимноста сепак љубоморно го чува за себе.

Имено, славната Мексиканка речиси никогаш не објавува фотографии од својата ќерка Валентина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)


Затоа новата фотографија на Салма на својот инстаграм – профил, на која позира со својата тинејџерка, е големо изненадување . На сликата, тие две се држат за раце и се гледаат во очи, додека во позадина се гледа зајдисонцето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

– Драга моја девојко, ти си ми се. Благословен е денот кога влезе во мојот живот да блеснеш со твојата блистава светлина. Среќен роденден, Валентина! Ти благодарам што ти си ТИ!, напиша Хајек на својата ќерка по повод нејзиниот 14 – ти роденден.

Иако фотографиите на кои се гледа лицето на Валентина се многу ретки, доволно е да се забележи дека оваа 14-годишна девојка е совршена мешавина од нејзините родители, и дека ја наследила егзотичната убавина од нејзината мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)


Да потсетиме, актерката ја доби ќерката со францускиот милијардер Франсоа Анри-Пино, со кого е во брак од 2009 година. И додека Валетина Салмино е единственото дете на актерката, Пино од претходните врски има три деца.

Актерката честопати посочува во медиумите дека нејзиниот сопруг е нежен и грижлив татко, и дека Валентина карактерно многу потсетува на него.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....