4.8 C
Скопје
04:36 - 2 октомври, 2026

(ФОТО) МАКЕДОНСКИОТ НАКИТ Е ТРЕНД КАЈ МЛАДИТЕ: Ви ја претставуваме дизајнерката Катерина Габунија

Македонски накит со папочна врвца, мајчино млеко, косичка, запче…Тренд кај младите мајки, да зачуваат спомени од своите деца заробени во накит.

фото приватна архива

Она што е тренд помеѓу младите мајки во светот и кај нас го донесе Катерина Габунија која со изработка на накит од епоксидна смола започнала од лична причина.

Скопјанка која по професија е педагог, но и голема уметничка душа, рачно изработува алки, обетки, ѓердани, од епоксидна смола, во кои става најразлични предмети, зависно од желбата на купувачите.

– За почеток читав, налетав на една статија за епоксидна смола, како на природен начин смолата од дрвото има заробено еден инсект, мислам дека се работеше за богомолка. Тоа беше моментот што ме привлече, да почнам да истражувам повеќе за епоксидната смола и се што може да се изработи со неа. Имав некои предмети што ми беа многу драги и сакав да си ги зачувам. Се работеше за моето прво праменче од коса, исечено при крштевањето, си помислив дека можам да си го заробам во некој епоксиден предмет и безбедно да си го чувам – вели Катерина.

Кај жените интересот е огромен за целата палета на производи, но посебен интерес има кај мајките, кои бараат да се стави мајчино млеко во накитот, нешто што потоа им останува како траен спомен од периодот на доење на нивните бебиња. Различни желби, поинакви мотиви, необични побарувања, но Катерина вели дека сите клиенти знаат што сакаат.

– Сум имала навистина чудни идеи како желба за создавање накит. Лично мене најчудно ми беше што една клиентка ми побара да ставам жива во накитот. Имале желба скорпија да ставам, но за живата навистина се изненадив и тоа е единственото што сум го одбила да го направам – се сеќава Габунија.

Процесот заробување предмети и е најинтересниот и најомилен дел за работа, но истовремено е најделикатен и бара голема посветеност и време. Секое парче што се изработува, претходно поминува процес за негова обработка.

– Епоксидната смола е двокомпонентна, се работи за катализатор и смола. Се мешаат двете компоненти. Температурата на смолата треба да биде 20 степени Целзиусови, не треба да биде ни ниска температурата во која се работи предметот за да не се појават меурчиња во смолата. Откако добро ќе се помешаат двете компоненти се излева смолата во калапче. Може да се додадат пигменти во боја, разни предмети, претходно добро исушени – раскажува Катерина.

Времето на работа со епоксидна смола е многу кратко, но од друга страна треба да се внимава на неколку моменти.

– Обработката на смолата не бара многу време, 10 до 15 минути, но кога правам накит во кој треба да вметнам детали тогаш може да работам 2 до 3 дена. Да се изработи едниот дел, па да се вметне предметот, после треба полирање, стругање…

Катерина процесот на обработка на смолата го учела сама, но затоа сега своите искуства ги споделува на разни работилници. Исто така се што таа изработува може да се погледне на нејзината фејсбук страница под името Serendipity – Gabunija handmade.

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА. 

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Фото) Прекрасната Елена Реи на модна ревија во Милано — заблеска во креација на македонскиот дизајнер Марков

К.С.

(Фото) Како холивудска дива од 20-тите — Калтрина Круезиу во раскошно бело издание на гала во Скопје

К.С.

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

К.С.

Тереза Кесовија одложи два концерти поради здравствени проблеми: „Ќе дадам сè од себе да закрепнам“

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо
Се вчитува....