16:27 - 8 ноември, 2026

ФОТО: Бритни направи промена – Завршив со старото, му се радувам на новото!

Пејачката е подготвена за нови предизвици…

Бритни Спирс (39) ги потстрижа своите долги локни во кратка фризура до рамената. Таа овие фотографии ги објави на социјалните мрежи до кои напиша:

„Ја потстрижав косата! Знаете како велат: напуштете го старото, зграбете го новото! Сега да се помолиме!“.

Оваа нејзина промена ја поддржа и момчето Сем Асгари, кој под сликата напиша: „Те обожавам!“.

Бритни ја потстрижа косата истиот ден кога е одржано судското рочиште за нејзината конзерваторска борба. Имено, адвокатот на Бритни Спирс поднел тужба против нејзиниот татко Џејми во август, и наведе дека пејачката се плаши од својот татко и дека тој повеќе не може да биде нејзин старател кој ќе управува со сите нејзини средства.

„Ја сакам својата ќерка и многу ми недостасува. Кога на член од семејството му е потребна грижа и заштита, јас сум тука, како што бев 12 и повеќе години за да ја штитам“, наведе Џејми Спирс (68).

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....