04:59 - 11 ноември, 2026

Пет луѓе дадоа отказ поради заканите на Том Круз! Тајната снимка предизвика хаос во екипата на „Невозможна мисија“

Пет луѓе престанаа со работата на „Невозможна мисија 7“, откако Том Круз (58) во еден разговор се закануваше дека ќе им даде откази доколку уште еднаш се повтори непочитувањето на сите мерки и прописи против коронавирусот.

Бесен, Том викаше и со некултурен речник дивееше врз екипата, а некој тајно го снимил и аудио-снимката од разговорот судејќи според се ја доставил до таблоидот „The Sun“.

„Првиот испад беше голем, но работите не се смириле. Напнатоста се развивала со месеци и ова била конечната капка. Откако стана јавно, се зголеми и беста кај луѓето и неколку од нив ја напуштија работата на проектот“, изјави изворот за споменатиот магазин.

„Том едноставно не може да поднесе одредени работи, по сите маки низ кои поминаа за воопшто да продолжи со работата на „Невозможна мисија 7“. Вознемирен е, бидејќи другите не го сфаќаат тоа сериозно како тој“, истакна изворот.

Фото: Инстаграм

Да се потсетиме, во октомври Том Круз тешко го поднесе сознанието дека дури 12 луѓе кои работеле на снимањето на филмот во Италија се позитивни на коронавирусот.

Каква беше бурната реакција на Том, што зборуваше тој во разговорот:

„Доколку те видам повторно да го правиш тоа, ќе добиеш веднаш отказ. Доколку било кој од оваа екипа го повтори тоа, заминува од сетот“.

„Тие се таму во Холивуд и изработуваат филмови поради нас. Ние не сме тука дојдени за да се за*баваме“.

„Тоа е тоа, без ивинувања. Можете да им се извините на луѓето кои ги губат своите домови бидејќи нашата индустрија се гаси. Тоа нема да стави храна на нивната маса, ниту ќе го плати школувањето на нивните деца“, проследено со доста навреди и пцости упатени до екипата.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....