16:27 - 8 ноември, 2026

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЖРТВАТА НА КОЗБИ: “Тој е сексуален предатор кој е пуштен од затвор!”

Жртвата на Козби зборуваше за прв пат по неговото излегување од затвор

Откако Врховниот суд во Пенсилванија ја поништи обвинителната пресуда на Били Козби за сексуална злоупотреба во јуни, се огласи неговата жртва Андреа Констанд.

Поранешната вработена на Универзитетот Темпл во Филаделфија, беше меѓу првите жени што го обвинија Козби за сексуална злоупотреба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Cosby (@billcosby)


„Тој е сексуален предатор кој е пуштен од затвор“, рече таа, додавајќи:

„Не бев изненадена од неговото ослободување. Тој е арогантен, нема грижа на совест“.

Андреа тврди дека Козби не покажал каење за сè што направил.

„За време на престојот во затвор, тој не покажа каење за сè што ми направи“, изјави Андреа во емисијата „Денес“ (“Today”).

Таа додаде дека се чувствува разочарана поради неговото ослободување од затвор и дека тоа не е во ред.

Констанд ќе го сподели своето искуство и сведоштво со јавноста во книгата „Моментот: стоење до Бил Козби, говорење за жените“ („The Moment: Standing Up to Bill Cosby, Speaking Up for Women“).

Потсетуваме, Бил Козби одлежа повеќе од две години затвор. Тој беше осуден во 2018 година под обвинение за злоупотреба на дрога и сексуална злоупотреба. Неговата казна беше поништена во јуни, откако беше пронајден договор со претходниот обвинител што спречува судење во овој случај.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....