22.8 C
Скопје
14:31 - 19 октомври, 2026

НЕОБЈАСНИВИ ЧУДА ВО МАКЕДОНИЈА: Мироточење, икона што лебди, лековити масла…сте чуле ли за овие чуда?

– Бог е оној кој прави чуда. Бог може да го направи невозможното, Бог дарува но и казнува. Со чиста и вистинска верба во Единствениот, може да се случат чуда. Така теолозите ги објаснуваат појавите кои се необјасниви и ги сметаат за мистерии.

До ден денес најголемиото чудо во христијанската црква, е Воскресението Христово – темел на христијанската вера. Но не е само животот, раѓањето и воскресението на Исус чудо што се случило и во кое што веруваат православните верници.

Иконата на Пресвета Богородица мироточи

Во скопското село Трубарево верниците посведочија на веродостојноста на мироточението на иконата на „Пресвета Богородица“.

Парчиња памук со капките миро од иконата им се давало на верниците да го носат дома за здравје. Тоа е последното чудо кое што беше потврдено од страна на МПЦ. Иако мироточење од икони имало и во минатото, во јавноста не се разговарало за тоа.

Чисти фрески во црквата „Свети Димитириј“

Светнаа златните ореоли на фреските во црквата „Свети Димитрија“ во Скопје. На нив со години се таложел чадот од свеќите и од кандилата. Но, постепено самите од себе осветлиле и на површината се виделе златната и црвената боја. Некои од иконите се стари 100 години, а некои се направени по земјотресот во 1963 година.

Лековитото масло од гробот на Гаврил Лесновски

Малата Лора од Кочани повторно проодела по молитвата и помазување со маслото од гробот на епископот Гаврил Светогорец. Лора се соочувала со чести напади од болка кои ги имала. Нејзините родители дошле во манастирот барајќи ја последната надеж.

Иконата на Свети Јован во Бигорскиот манастир

За иконата на Свети Јован се говори дека никогаш не била оштетувана и покрај неколкукратното оштетување на манастирот. Трите чешми во Бигорскиот манастир се направени точно каде што иконата лебдела.

Чудата на Свети Наум

Најпознато чудо, од многуте, кое и денес се раскажува меѓу народот, запишано и од страна на Кузман Шапкарев, е приказната за волот и мечката, настан овековечен на фреската во охридскиот манастир посветен на Свети Наум.

Сведоштвата за Наум Јајчар ги има во црковните книги за чудата на Св Наум Охридски. Наум Јајчар сам го раскажувал своето чудо.

Слични објави

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.
Се вчитува....