14:49 - 26 ноември, 2026

Скорсезе буквално заспа додека Еминем рапуваше на церемонијата на Оскарите (ВИДЕО)

Кога Еминем среде доделувањето на Оскарите излезе на сцената и почна да ја рапува својата песна „Lose yourself“, многумина се изненадија.

Се наметна прашањето и зошто Еминем ја изведува оваа песна, која пред 17 години освои Оскар за најдобра нумера за филм?

– Во 2003 година, кога го добив Оскарот, не присуствував на церемонијата на доделувањето, па поради тоа ја изведов сега – изјави Еминем за странските медиуми.

Од друга страна, додека публиката на Оскарите играше и рапуваше заедно со Еминем кога пејачот ја изведуваше оваа песна, камерите во еден момент го забележаа и изразот на лицето на режисерот Мартин Скорсезе.

Се чинеше дека прославениот режисер, кој инаку беше еден од номинираните за Оскар оваа година, ужасно се досадува при овој настап, па дури и заспива. 

Па токму поради ова, на социјалните мрежи се појавија и бројни шеги на сметка на славниот режисер.

Слични објави

(Фото) Новак Ѓоковиќ се појавува во новиот филм за Фокерови – ја дели сцената со Роберт де Ниро и други холивудски ѕвезди

Т.Ц.

(Видео) „Викенд на мртовци“ бил поголем кинохит во Скопје од „Кум“ и од филмовите со Лепа Брена: Игор Џамбазов сподели анегдоти од снимањето на култната македонска комедија

Еспресо

За Ноќта на вештерките — балкански хорор-филмови што ќе ве натераат да спиете со запалено светло

К.С.

Безвременската „Јовано, Јованке“ и Петре Прличко во „Солунските атентатори“ – сцена што не се заборава

Т.Ц.

Сашенка Тодоровска сподели детали за „Солунски патрдии“, претставата за Цанде и Фатима чии реплики се знаат наизуст до ден денес

Еспресо

Темната страна на култниот филм „Казабланка“: Снимањата биле ноќна мора поради однесувањето на еден до актерите

Еспресо
Се вчитува....