5.8 C
Скопје
03:36 - 29 март, 2024

Од Том Хенкс до Хоакин Феникс: Актери кои не поднесуваат да ги гледаат своите филмови

Покрај оние кои едвај чекаат, постојат и актери кои не сакаат да ги гледаат филмовите во кои биле ангажирани.

Повеќето од овие имиња се наградувани, а некои од нив имаат еден или повеќе Оскари во својата кариера.

Меѓутоа, тие и понатаму не поднесуваат да се гледаат себеси на големото платно, бидејќи, како што велат, секогаш можат да си најдат „одредена замерка“.

Том Хенкс

Овој добитник на два Оскари вели дека гледањето на неговите филмови била „ужасна грешка“, поради што дури никогаш не ги гледал ниту филмовите „Forrest Gump“ и „Philadelphia“, кои всушност и му ги донесоа овие награди.

Адам Драјвер

Фото: Профимедиа

Овој актер повеќе сака театар. Во една прилика рекол дека филмот не му е по толкава мерка како театарот. Ако почувствува дека една сцена ја одиграл добро, вели дека нема потреба да ја погледне.

Ал Пачино

Instagram

Ѕвездата од „The Godfather“ само во една прилика изгледал свој филм, но тоа е се. Вели дека за тоа нема потреба. Знае дека одглумил добро ако тоа му предизвикало радост, доколку тоа не било случај пак, Ал Пачино вели дека се труди тоа да го заборави.

Меган Фокс

Фото: Профимедиа

Откако за време на едно интервју била прикажана нејзина снимка, Меган само извикала:

Убијте ме! Сега сум постара, па кога ќе видам сцена од мене како помлада само се прашувам – Која ли е оваа девојка? Посакувам да ја прегрнам и да ја утешам.

Џони Деп

Фото: Профимедиа

Славниот актер признал дека никогаш нема погледнато ниту еден свој филм.

Пред многу години одлучив дека е подобро да не ги гледам своите филмови, бидејќи така не ја забележувам работата на своите колеги. Штом ќе завршите со улогата која ја толкувате, тоа повеќе не треба да ве загрижува – смета Деп.

Џулијен Мур

Фото: Профимедиа

Оваа актерка не оди ниту на премиерите. Повеќе го сака процесот на создавање на филмот, отколку да го гледа.

Анџелина Џоли

Instagram

Слично мислење како Мур дели и неодоливата холивудска ѕвезда Анџелина Џоли. Таа исто така повеќе го преферира процесот на креирање на филмот, па затоа се впушти и во режисерските води.

Џоли има погледнато само неколку од своите филмови.

Хоакин Феникс

Фото: Профимедиа

Во 2015 година Феникс изјави дека изгледал само два филмови – „Her“ и „The Master“.

Мислев дека ќе биде зрело ако ги погледнам за да научам од своите грешки, но сепак мислам дека тоа беше нешто што ми создаде поголеми маки – рече актерот, кој оваа година е номиниран за Оскар за мегапопуларниот филм „Џокер“.

 

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....