16:50 - 1 август, 2026

Доделувањето на Оскарите и во 2020 без водител: Номинациите во понеделник

Номинациите за Оскар ќе бидат објавени во понеделник, и секако очекуваме меѓу номинираните да се најде и македонскиот документарец „Медена земја“.

И оваа, како и минатата година, на церемонијата на доделување на Оскарите нема да има водител.

Кери Берк, претседателката на ТВ-мрежата Еј-Би-Си, изјави дека „преносот ќе се фокусира на она што добро функционираше и минатата година, како добра забава, врвни музички настапи и многу комедија и ѕвезди“.

Минатогодишата церемонија требаше да ја води комичарот Кевин Харт, кој се повлече по скандалот со навредливите твитови. Преносот имаше втора најслаба гледаност во историјата.

„Еј-Би-Си и Академијата за филмски уметности и наука се согласија церемонијата да оди без домаќин втора година по ред“, изјави Кери Берк.

Номинациите за Оскар ќе бидат објавени во понеделник, и секако очекуваме меѓу номинираните да се најде и македонскиот документарец „Медена земја“.

Слични објави

Темната страна на култниот филм „Казабланка“: Снимањата биле ноќна мора поради однесувањето на еден до актерите

Еспресо

Тројански коњ во природна големина, импресивна актерска постава… Сè што можеби не сте знаеле за филмот „Одисеја“

Т.Ц.

(Видео) Рејчел Мекадамс уживаше во кафуле во Белград — што бара актерката во Србија?

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) – Како чоколадите на Жилиет Бинош во филмот „Чоколада“ ги омекнаа и најтврдокорните срца

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо
Се вчитува....