16:15 - 10 ноември, 2026

Space Motion за старт на Intermezzo Music Rituals

Токму утревечер, во склоп на зимското издание на Intermezzo Music Rituals, и Скопје ќе има можност да биде дел од светската сцена и да ужива во неговата музика. 

По успешното летно издание на Intermezzo Music Rituals, од овој петок следува нова тура на незаборавни забави и гостувања на врвни диџеј имиња во Intermezzo Music Bar.

Стартот на зимското издание на Intermezzo Music Ritual ќе го означи Space Motion, српски диџеј и продуцент кој е активен на музичката сцена во последниве 16 години и кој секојдневно ги поместува границите за музичарите кои доаѓаат од Балканот.

Неговата музика е мешавина од посебна и уникатна енергија која ја прикажува во жанрови како дип хаус, прогресив и тех. Space Motion настапува ширум Европа, Јужна Америка и Азија. Ибица, Киев, Будимпешта, Белград, Дубаи, Хургада, Лима … клубови во Нанинг, Хонг Конг, Гуанжу, Шенжен… Листата на локации е импресивна, а истото важи и за фестивалите, па „Pepsi Sziget“, Air Nation и EXIT се само некои на кои има настапувано.

Како што вели, повеќе од привилегија е да се даде личен печат на популарните композиции од 70-те и 80-те години од 20 век, филтрирани преку електронски звук што ја претставува неговата визија за иднината. Неговите теми се вртат на различни подиуми ширум светот, а листата на ѕвезди кои ја пуштаат неговата музика е предводена од Solomun, Tale of Us, Black Coffee, Adam Bayer, Magdalena, Fisher…

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.
Се вчитува....