14.8 C
Скопје
11:16 - 26 април, 2024

Џо Кокер го објави првиот албум, „Pink Floyd“ постигнаа ненадминлив рекорд и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден, 23 април, го одбележуваат неколку интересни настани низ историјата на музичката историја за кои можете подетално да прочитате во продолжение…

1936 година – Роден е Рој Орбисон, пејач и автор, еден од американските пионери на рокенрол музиката.

1950 година – Родена е пејачката Џурџица Барловиќ, позната како вокал на групата „Нови Фосили“.

1960 година – Роден е Стив Кларк, гитарист на групата „Def Leppard“.

1969 година – Џо Кокер го објави првиот албум „With a little help from my friends“, насловен по обработката на истоимената песна на Ленон и Макартни, која Битлси ја снимија две години порано. Најголем хит од деби изданието на Кокер беше уште една обработка, „Don’t let me be misunderstood“, песната која ја напишаа Бени Бенџамин, Глорија Калдвел и Сол Маркус, а прва ја сними Нина Симон во 1964 година.

1971 година – Објавен еден од познатите албуми на „Rolling Stones“ – „Sticky Fingers“, кој беше и нивно прво издание издадено во издавачка куќа која беше во нивна сопственост.

1976 година – „The Ramones“ го објавија првиот истоимен албум. Основани во 1974 година, често се сметаат за првиот панк рок бенд. Нивното дискографско деби не само што е голем момент за панкот, туку е прогласен и за 33 албум на листата од 500 најзначајни остварувања во рок музиката на сите времиња.

1983 – На 28. Евросонг, кој е одржан во Минхен, Југославија го претстави пејачот од Подгорица, Даниел Поповиќ со песната „Џули“, кој го освои високото четврто место.

1984 година – Жељко Бебек и официјално го напушти „Бијело дугме“, откако само два месеци порано беше објавена неговата втора солистичка плоча под назив „Мене тјера неки враг“.

1988 година – Ненадминлив рекорд на „Pink Floyd“ – Албумот на британскиот бенд насловен „Dark side of the moon“, на данешен ден ја напушти топ листата откако на неа помина без прекин рекордни 741 недели, значи повеќе од 14 години.

2006 година – Повторно формираната група „Take that“ ја започнаа својата распродадена британска турнеја со концерт во Њукасл.

Слични објави

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva
Се вчитува....