05:28 - 29 ноември, 2026

„Би сакала како мајка…“: Цеца проговори за тврдењето дека Анастасија Ражнатовиќ е бремена

Фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ ги коментираше наводите дека нејзината ќерка Анастасија, која е во брак со фудбалерот Немања Гудељ, е бремена.

– Озборувања! Претпоставувам дека јас како мајка прва би дознала дека е бремена… – низ насмевка одговорила Цеца на снимањето на музичкото шоу  „Ѕвездите на Гранд“.

Анастасија Ражнатовиќ неодамна прослави две години брак со фудбалерот Немања Гудељ, а по романтичната фотографија со балони во облик на срце, Анастасија сподели објава која зборува за она што го научила низ годините.

– Долго време мислев дека комуникацијата е клучна, додека не сфатив дека тоа е всушност разбирање. Можете да разговарате со некого за сè што сакате, но ако не ве разбира, настанува тивок хаос – ја објави пораката Анастасија на својата инстаграм-приказна.

Анастасија ужива во Шпанија со сопругот, фудбалерот Немања Гудељ, а неговото семејство им е голем поддржувач.

Анастасија во еден период не била во добри односи со свекрвата Оливера Гудељ и золвата Вања Гудељ, а како што неодамна напиша српски „Блиц“, дошло до помирување меѓу нив.

– Имаше помирување и сега сè е во најдобар ред. Ја видовте и фотографијата која Немања ја објави на мрежите, сега сите се среќни и во добри односи. Немања имаше најмногу влијание на тоа сите да бидат сложни и сега е токму тоа – вели добро упатен извор за „Блиц“.

 

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....