19.8 C
Скопје
15:52 - 26 април, 2024

ВИДЕО | Метеоролог предупредува: Ве молам, не јадете мразулци, не знаете што лижете!

TIKTOK

Кога температурите паѓаат под нулата, на покривите и столбовите се формираат ледени мразулци и иако нивното лижење и грицкање можеби звучи забавно, и секој од нас го правел тоа како дете, метеоролог ја објасни опасноста што се крие позади оваа „зимска забава“.

Метеорологот од Ајова, Америка, објави видео на социјалната мрежа „ТикТок“ со важно предупредување: Не јадете мразулци!

unsplashДеновиве на социјалните мрежи видеото предизвика многу реакции од луѓе кои воопшто не биле свесни за ова.

Метеорологот Кејти Николау на својот профил на „ТикТок“  сподели видео од жена (со заштитено лице) како јаде долг мразулец извлечен од покривот на нејзиниот дом со реакција: – Ве молам, не го правете тоа… Јас сум метеоролог – знам за што зборувам, апелираше Кејти.

Мразулците се формираат со слевање на водата од покривот и сливниците. Па, еве што се случува. Дали знаете што друго има на вашиот покрив? Измет од птици. Многу. И голем број на нечистотии. И сето тоа водата го носи и го замразнува во мразулецот. Вие јадете измет!“, објасни таа.

@weather_katie

Don’t eat icicles! Please respect the fact that I edited out the original woman in the video (I have her permission) #IciclePoop

♬ original sound – nickolaou.weather

Нејзиното видео собра 10,6 милиони прегледи на апликацијата. Преку своите платформи на социјалните мрежи, Николау досега постојано споделува факти за снегот и мразот, како и за торнада.

Метеоролог за „Yahoo Life“ изјави дека го снимила видеото откако гледала видео клипови на Интернет од луѓе кои јадат мразулци скршени од покриви, автомобили и слично.

unsplash

За да се кондензира водата и да се создаде дожд или снег, потребни се јадра за кондензација на облаците (аеросолни честички). Тоа е модерен израз за нечистотија, сол, јаглерод или прашина. Мразулците од покривите можат да содржат катран, олово или животински измет и други канцерогени материи“, вели таа.

Следната недела ќе објавам видео за тоа зошто не треба да јадете снег“, објави Кејти.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

(Видео) Патник закачил камера на куферот со која открил што сѐ се случува со багажот во авионите

Еспресо

(Фото) Чудна глетка: 200 килограми шпагети фрлени во шума во Њу Џерси

Еспресо

(ВИДЕО) По 107 години се пронајдени остатоците од бродот „Ендуранс“, изгубениот брод на истражувачот Шеклтон

Еспресо

На социјалните мрежи се шири видео од ОЛЕНА и ВЛАДИМИР ЗЕЛЕНСКИ, направено само 10 дена пред нападот на Русија на Украина

Еспресо

„НЕ НАЗДРАВУВАЈTE СО ВОДА“: Овој обичај има морничаво потекло, па затоа внимавајте со кој пијалок наздравувате!

М.Р.
Се вчитува....