12.8 C
Скопје
17:02 - 28 октомври, 2026

Едвај ја допеав песната, солзите беа посилни: Јоце Панов за песната што им ја посвети на оние што прерано заминаа

Пејачот Јоце Панов се наврати на еден од најемотивните моменти од неговиот концерт во Скопје, кога со песна им оддаде почит на жртвите од трагедијата во Кочани, на Сара Пројковска, како и на своите починати родители и други драги луѓе кои прерано ги загубил.

Панов одржа концерт на 18 март годинава во Филхармонијата во Скопје, во придружба на оркестар и бенд предводени од маестро Дамир Имери. Еден од најтрогателните моменти на вечерта беше изведбата на песната „Го молам ноќва небото да ми те врати“. На видеобимот тогаш се прикажуваа фотографии и снимки од луѓето на кои Панов им ја посвети песната, меѓу кои и придружниот вокал Сара Пројковска, неговите родители и жртвите од пожарот во Кочани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan Joce Panov (@jocepanov)

На сцената таа вечер како придружен вокал беше Ана Костадиновска, која го преживеа пожарот во Кочани. Една година претходно, на концертот на Панов на 8 март 2025, токму Сара пеела на истата сцена заедно со Ана, само една недела пред трагедијата во Кочани.

Сега Панов повторно се присети на тој момент и откри колку тешко му било да ја заврши песната.

„Сите ние имаме некого горе на небото… Некого што повеќе не е со нас овде, но веруваме дека нè гледа, нè чува и е горд на нас.
Оваа песна ја посветив на сите нив. На сите жртви од трагедијата во Кочани, на моите родители, на Сара и на сите наши драги луѓе кои прерано заминаа од овој свет.
Додека пеев, пред очите ми поминуваа нивните лица… а во еден момент солзите беа посилни од мене. Едвај ја допеав песната.
Овој момент не беше само дел од концертот. Беше еден голем спомен, една тишина полна со љубов и едно ‘ми недостигате’ кажано пред илјадници луѓе.
За сите што изгубиле некого. За сите што секојдневно погледнуваат кон небото и знаат дека таму горе има некој нивен.
Нека им е вечна слава. Нека им е светол спомен. А ние… да ги чуваме живи во нашите срца“, напиша Панов.
Панов и претходно јавно зборуваше за загубата на своите родители. Татко му починал на 49-годишна возраст, кога Јоце имал само 11 години, а пејачот раскажал дека по неговата смрт мајка му работела и по неколку работи за да се грижи за семејството. Неговата мајка починала пред да се роди неговиот син Лука.
На мартовскиот концерт Панов имаше и емотивна посвета за својот татко, а подоцна напиша дека празнината по него никогаш не исчезнала и дека по три децении му ги посветил „сцената, песната и тишината меѓу нотите“.

Слични објави

(Фото) Ги покажа своите извајани мускули – Раста се соблече по неверојатната трансформација

Еспресо

(Фото) „Моето омилено место“: Мина покажа како Огњен Амиџиќ ужива со децата

Еспресо

(Фото) „Турскиот Бред Пит“ го прослави 43. роденден: Сопругата му упати љубовна честитка

Еспресо

Постојано ви е студено, дури и кога на другите им е топло? Ова се можните причини

К.С.

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.
Се вчитува....