25.8 C
Скопје
16:40 - 7 октомври, 2026

„Му наоѓав пораки и видеа од други девојки“: Николина Коваќ искрено за бракот со Саша Капор и сомнежите дека е неверен

Пејачката Николина Коваќ и нејзиниот сопруг Саша Капор важат за еден од најскладните брачни парови на естрадата, но пејачката отворено призна дека нивниот однос поминал низ бројни искушенија, кризи и сомнежи за изневера уште од самите почетоци.

Николина искрено откри дека во минатото му го проверувала телефонот и наоѓала разни провокативни содржини од други жени, но и дека се сомневала во неговата верност додека била бремена:

„Искрено, изморена сум од калкулации. Некогаш му го проверував телефонот и наоѓав пораки од типот ‘ми се допаѓаш’, а жени знаат да испраќаат секакви провокативни видео-снимки и фотографии. Некогаш сам ми ги покажуваше, а некогаш, како секоја жена, ќе прочачкав самата. Се сомневав дека ме изневери за време на бременоста. Ме има повредено, но му простив. Излеговме од тоа, растевме и созревавме заедно, давајќи ѝ нова шанса на нашата љубов“.

Пејачката, која за Капор се омажи на само 23 години, истакна дека бракот е исклучително комплексна заедница која бара секојдневна борба, компромис и простување. Таа заклучи дека нивниот однос опстанал благодарение на искрената љубов од младоста и дека сите препреки и лоши моменти низ годините им донеле мудрост и ја зацврстиле нивната заедница.

Слични објави

Ѝ украле куп пари, а син ѝ ја спасил од дното — пејачката Деси Слава банкротирала откако била измамена

E.A.

(Видео) „Доаѓаш во Пекинг како турист, а потоа се сретнуваш со Ноле“: Кнез ќе заплачеше од среќа кога се поздрави со српскиот тенисер

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Билјана Дебарлиева со фотографија од 2019 покажа колку малку се променила последниве седум години

Еспресо

Една година од смртта на Халид Бешлиќ: Останаа хитовите што ги спојуваат генерациите и спомените за неговата човечност

Еспресо

Ново во Волково: Brasilia Wax Studio – место за депилација, масажа и време посветено само на вас

Еспресо
Се вчитува....