13.8 C
Скопје
14:09 - 28 октомври, 2026

Диди Џеј поминала низ вистински пекол: „Не можев да одам, но се враќам на сцената“

Пејачката Дијана Јанковиќ, позната како Диди Џеј, отворено прозборе за тешката здравствена борба која започна во јануари годинава кога ѝ беше дијагностициран ПОТС (синдром на постурална ортостатска тахикардија). По неколкумесечна агонија и неможност нормално да функционира, пејачката се огласи на социјалните мрежи и откри дека најтешкиот период конечно е зад неа.

Диди објасни дека благодарение на навремената терапија и лекарскиот тим успеала да го надмине ова заболување, иако сè уште ги чувствува последиците:

„За сите што прашуваат за моето здравје — благодарение на моите неверојатни лекари повеќе го немам ПОТС. Ми остана уште мала дисаутономија, што значи дека сè уште не можам да трчам, да вежбам или долго да одам како порано, но полека му се враќам на бизнисот и за неколку месеци ќе ми се врати полната енергија. Сè уште сум на посебна исхрана и одам на терапии. За некој што помина низ вистински пекол, среќна сум што Бог ми даде можност повторно да работам и да патувам.“

Пејачката истакна дека ова бил најтешкиот период во нејзиниот живот бидејќи со месеци била врзана за кревет, а нејзината ќерка постојано престојувала покрај неа чекајќи да закрепне. Таа апелираше до јавноста повеќе да се информира за оваа болест за да им се помогне на сите што се соочуваат со слични симптоми.

Слични објави

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.
Се вчитува....