20:45 - 16 септември, 2026

(Видео) Ханка Палдум доби своја кукла, инспирирана од нејзиното впечатливо издание во Сараево

Ханка Палдум доби уникатен подарок – рачно изработена кукла наречена „Ханкица“, направена според едно од нејзините највпечатливи модни изданија од годинашниот, 32. Сараевски филмски фестивал.

Куклата е дело на креаторките од брендот „Пепетушка“ (Pepetuška), кои биле инспирирани од изгледот со кој познатата пејачка се појави на фестивалот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pepetuska dolls • (@pepetuska)

Палдум на четвртата фестивалска вечер носеше црно-бела комбинација, чиј заден дел беше украсен со карта на Палестина исполнета со препознатливиот дезен на кефијата.

Токму овој изглед ги инспирирал креаторките да направат мала верзија на пејачката.

„За годинашниот СФФ носеше наметка со мотив на Палестина. Ја изнесе храбро, достоинствено и гласно. Поради тоа, во моите очи стана уште поголема“, напишаа креаторките на „Пепетушка“ на Инстаграм.

Тие додадоа дека оваа кукла им е една од најпосебните што ги изработиле досега, токму затоа што, според нив, носи важна порака.

Палдум не го криеше воодушевувањето од изненадувањето.

„Ви благодарам за изненадувањето кое не е само подарок, туку спомен што ќе остане. Успеавте една мала кукла да ја претворите во нешто толку посебно и лично“, порача пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pepetuska dolls • (@pepetuska)

„Ханкица“ така стана уште еден необичен начин да се овековечи препознатливиот стил на една од најпознатите пејачки од регионот.

Ханка Палдум не е единствената музичка ѕвезда од регионот која добила кукла инспирирана од својот изглед.

Своја кукла има и Лепа Брена. Таа ја добила уште во 1990 година, а куклата била инспирирана од нејзиниот костим од спотот за песната „Хајде да се волимо“ (Hajde da se volimo).

Кукла има и Тајчи, односно Татјана Матејаш, која е облечена во нејзиниот препознатлив портокалов фустан од настапот на Југовизија во 1990 година.

Слични објави

Едита првпат отворено за таткото на нејзината ќерка: „Само бегав, не сакав моето дете да пати“

Еспресо

Бившиот на Јована Јеремиќ прави свадба за 500 гости: Ќе пее половина естрада

Еспресо

(Фото) За секоја прослава што заслужува совршена атмосфера, Villa Diva е изборот што остава впечаток

Еспресо

(Фото) „Колку повисоко се искачувам, толку потивок станува светот“: Александра Спировска покажа која е нејзината нова страст

Еспресо

„Се чувствувам како да сум во моите дваесетти години“: Јелисавета Орашанин изгледа неверојатно, ја откри тајната на совршеното тело

Еспресо

За сите убави моменти што допрва доаѓаат – есенската колекција на свечени фустани пристигна во „Прагма“

Еспресо
Се вчитува....