22:55 - 6 јули, 2026

ФОТО: Синот на српскиот глумец Воја Брајовиќ е голем шармер, погледнете како изгледа

Белградскиот актер беше меѓу оние типови по кои воздивнуваа сите жени од бившите држави. Една од најистакнатите улоги на денес 71-годишниот актер, беше во култната серија „Отпишаните“, во која го глумеше ликот Тихи. За Војо се знае речиси сè, но во јавноста малку е познато дека има маркантен син, кој ја наследил неговата добра генетика.

Вукота Брајовиќ/Instagram

Легендарниот актер Воја Брајовиќ 18 години е во среќен брак со 23 години помладата актерка Милица Михајловиќ, со која го има синот Реља. Но, малкумина знаат дека зад себе има уште еден брак, од кој со поранешната сопруга Лилјана ја има ќерката Искра Брајовиќ Бабиќ, исто така актерка, и синот Вукота.

Најтешка, а можеби и најлоша улога, воедно и најодговорна е да се биде родител, бидејќи децата не стануваат свои луѓе, туку остануваат наши деца додека нивните родители се живи. Додека сум жив, ќе им бидам поддршка на моите деца, но како тие ќе им бидат потпора на своите деца? Не зборувам сега само за моите наследници, туку за сите нови генерации – изјави Воја одамна во едно интервју.

Пред неколку години неговиот син Вукота Брајовиќ стана еден од најбараните манекени во Србија, но потоа го напушти светот на модата и се посвети на работата во филмската индустрија. Се појави во филмот „Зона на мртвите“, во кој беше сценарист, продуцент и актер. Го води модниот блог „Стајл бај Вукота“ на кој ги следи новитетите во светот на машката мода.

Фактот дека некој ве следи во позитивно светло не може да не годи, но никогаш не сум бил некој кој му придава големо значење на тоа. Важно е некој да го препознае она што го работите и преку кој било вид творештво да допрете до луѓето. Дури тогаш сте направиле нешто импозантно – порача Вукота во интервју за еден портал.

Вукота Брајовиќ/Instagram

Популарноста на татко му никогаш не му била товар, туку секогаш бил горд на неговиот успех исто како што би бил горд на личниот успех.

– Како мал мислев дека тешко ќе го повторам неговиот успех и носев низа погрешни и чудни одлуки. Како што велат, станав бунтовник без причина. Тоа не ми помогна во кариерата, но препознатливоста на презимето е нешто што не штети, особено ако сакате да им презентирате некој свој проект на потенцијални партнери – изјави Вукота, кој обожава хорор-филмови, рокенрол музика, долги прошетки и џогинг.

Вукота Брајовиќ/Instagram

Слични објави

(Фото) Мајката на Ким Кардашијан реагираше на венчаницата на Тамара Калиниќ! Еве што ѝ кажа, со еден збор

Еспресо

(Видео) Лудо е, но чувствувам дека е до мене: Наталија со емотивно видео посветено на Андреј од „ДНК“

СП.

Благоја Чоревски и Магдалена прославија 50 години брак: „Една од најзаслужните за тоа што сум денес е мојата сопруга“

Еспресо

(Фото) Погледнете како изгледаат бурмите на Тамара Калиниќ и моќниот Италијанец: Имаат посебна посвета, едната е напишана на кирилица

Еспресо

(Фото) Најпровокативно издание на Лара – помладата ќерка на Чолиќ позираше во подвески

Еспресо

(Фото) Не проговорила до тригодишна возраст, а денес е ученичка за пример – Јована Јеремиќ со солзи радосници за ќерката Леа

Еспресо
Се вчитува....