02:27 - 7 ноември, 2026

ВИДЕО: Неочекуваната соработка на Дино Мерлин со Сенида предизвика вистинска експлозија на Интернет!

Instagram

Само два месеци откако ја изненади регионалната сцена со долгоочекуваната песна „Ние“ за која сними и видео спот, Дино Мерлин во новата година влезе со нова музичка сензација.

За време на онлајн дочекот на 2021 година, светот се воодушеви од новиот дует на Мерлин со првата дама на трап сцената – Сенида.

Песната „Dođi“ или „Дојди“ предизвика вистинска експлозија на „Јутјуб“ и социјалните мрежи, видеото беше прегледано дури 200.000 пати за помалку од два часа. А сега видеото има 3,897,268 прегледи.

Instagram
Instagram

„После долгата и исцрпувачка турнеја „Хотел Национал“, се обидов повторно да го пронајдам својот мир, одмор од светот и луѓето, па решив да отпатувам во еден голем град каде, бегајќи од сè, се обидов да се вратам на себе, за да дознаам дека не можам да бидам сам“, објаснува Дино Мерлин за „Индекс“.

youtube
Принтскрин / Youtube

„Така настанаа првите стихови од оваа песна, а Сенида беше совршен партнер за овој дует, како ехо и втор глас“, вели сараевскиот музичар.

Самата најава за оваа, навистина неочекувана, музичка соработка на социјалните мрежи  предизвика ерупција на ентузијазам. Видеото заврши на тренд листите на најгледани видеа во регионот на „Јутјуб“. Без сомнеж „Дојди“ веќе станува радио и интернет хит.

Покрај интересната мелодија на песната, спотот е фасцинантна фузија на традиционалното минато и минатото. Видеото се снимало во Сараево и Лукомир и е во режија на словенскиот режисер Кукла.

youtube
Принтскрин / Youtube

„Соработката со Дино за мене е остварување на сонот, моето срце е исполнето… Уште еднаш си докажав дека она што се сака со целото битие и душа е остварливо. Ова е вистински доказ и мотивација за во иднина. Ништо не е невозможно и сега слободно можам да продолжам да сонувам“, изјави словенско – црногорската пејачка Сенидах.

Instagram
Instagram

„Оваа година дефинитивно беше различна за сите нас, времето поминуваше чудно и се случуваа чудни работи. Снимањето го поделивме во неколку фази и секој нареден пат нашата енергија се ширеше и стануваше посилна. Открив и преубави делови од Босна, запознав драги луѓе, а Дино толку добро се грижеше за мене и не дозволуваше ништо да недостасува“, вели 35-годишната пејачка.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....