13.8 C
Скопје
16:38 - 17 октомври, 2026

Цела фамилија на сцена: Ана Костадиновска се потсети на среќните денови со „ДНК“

Професорката по пеење и долгогодишен придружен вокал на „ДНК“, Ана Костадиновска, сподели спомен од времето кога целата музичка екипа беше заедно на сцена.

На Фејсбук, Костадиновска сподели фотографија од пред три години, направена на 23 септември 2023 година во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. На фотографијата се гледа голем дел од екипата на „ДНК“, а Ана тогаш напишала: „Цела фамилија на сцена“. Денес, оваа фотографија за неа има сосема поинаква тежина.

Фото: Скриншот

Костадиновска со години беше дел од концертите и настапите на „ДНК“, а членовите на групата ги нарекува свое второ семејство. Во интервју за „Слободен печат“, зборувајќи за луѓето што ги загуби, таа особено емотивно се присети на својата блиска пријателка и колешка Сара Пројковска.

„Сара беше прекрасна личност, жена-светлина. Секој миг поминат со неа ми ја грее душата. Тука е и секогаш ќе биде, сè додека дишам и постојам. Пеењето секогаш ми било единствен лек за секоја душевна болка. Другарите од ‘ДНК’ се моето второ семејство и ќе бидат засекогаш. Нашата приказна беше најубава во секој сегмент од нашето заедничко делување“, изјави Костадиновска за „Слободен печат“.

Зад фотографијата стои и болниот потсетник на трагедијата во Кочани. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март 2025 година загинаа повеќе членови од екипата на „ДНК“: пејачот Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓоргиев, клавијатуристот Филип Стевановски, битбоксерот Мартин Атанасовски-Буцо, тонецот Игор Велков и фотографот Александар Ефремов.

Владимир Блажев-Панчо се здоби со тешки повреди во пожарот и продолжи со лекување. По седуммесечна борба, тој почина на 14 октомври 2025 година.

Ана и претходно споделуваше фотографии и снимки од заедничките патувања и настапи, потсетувајќи се на годините поминати со екипата. За еден од последните настапи таа напиша дека памети „секоја песна, секоја емоција“ и дека бескрајно ѝ недостигаат.

Слични објави

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.
Се вчитува....