11:38 - 7 ноември, 2026

Нора Шаќири по долго време се враќа на телевизија, ќе води поткаст со Пеце од „Суперхикс“

Нора Шаќири по подолго отсуство од телевизиските екрани се враќа во улогата по која публиката ја памети. Поранешната новинарка и ТВ-водителка заедно со Петар Младеновски-Пеце од „Суперхикс“ ќе го води поткастот „На Прва со Пеце и Нора“ на Македонската телевизија.

„Наскоро на Македонската телевизија гледајте го поткастот ‘На Прва со Пеце и Нора’“, најавија од МРТ. „На Прва“ е дел од програмата на МРТ1, а јавниот сервис го најавува како нов инфомагазин.

За Шаќири ова е враќање на телевизијата по подолг период. Таа своевремено беше препознатливо ТВ-лице, работеше како новинарка и водителка и водеше ток-шоуа, а еден од нејзините последни телевизиски проекти пред повлекувањето од екраните беше контактната емисија „Овде и сега“.
Нора е дипломиран социолог, а во еден јавен настап самата се претстави како „поранешен телевизиски водител – новинар и граѓански активист“. Интересно е што со новиот ангажман практично се враќа и во куќата со која е поврзана нејзината семејна историја. Нејзиниот татко Хисен Шаќири беше долгогодишен новинар и уредник во Македонската радио-телевизија, каде го помина целиот работен век.

По телевизиската кариера, Нора имаше и поинакви професионални ангажмани. Во февруари 2021 година беше назначена за в.д. директорка на Театар Комедија, а во ноември истата година беше разрешена. Министерството за култура тогаш соопшти дека одлуката е донесена по извештај на Државниот инспекторат за труд, во кој биле констатирани прекршувања поврзани со дисциплинска постапка водена за време на изборен процес.

По разрешувањето, Шаќири јавно ја кажа својата страна од приказната. Во реакцијата што тогаш ја пренесе „Слободен печат“, таа рече: „Никој не е роден директор, не сум ни јас, но не е секој спремен да влезе во кал“, тврдејќи дека постапките што ги преземала биле во интерес на театарот.

Приватно, Нора е мајка на шестгодишниот Ијан. Кога стана мајка во април 2020 година, таа кратко напиша: „Добредојде, сине мој Ијан“. Една година подоцна, за неговиот прв роденден, во емотивна објава рече дека Ијан ја направил подобар човек и ѝ покажал што значат неизмерна љубов и пожртвуваност.

Нора е сестра на музичарот Бени Шаќири, а нивниот брат Денис живее во Холандија.

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....