13.8 C
Скопје
16:38 - 17 октомври, 2026

(Фото) Дамјан Дренковски и Александра прославија една година брак во Рим — не ја пропуштија традицијата кај Фонтаната ди Треви

Поранешниот македонски телевизиски водител Дамјан Дренковски и неговата сопруга Александра одбележаа една година од бракот со патување во Рим.

Сопружниците, кои живеат во САД, по повод првата годишнина заминаа во италијанската престолнина, а фотографии од нивното патување споделија и на социјалните мрежи.

Една од локациите што ги посетија беше познатата Фонтана ди Треви, каде што ја испочитуваа и популарната традиција поврзана со оваа римска знаменитост. Александра сподели фотографии од моментот и откри дека посетата на фонтаната имала посебна симболика за нив токму поради годишнината.

„Нашата прва годишнина во Рим, посета на фонтаната Треви и една мала традиција што не можевме да ја пропуштиме. Се вели дека Фонтаната на вљубените ги одржува паровите вљубени засекогаш, што ја направи најслатката станица на нашето патување во Рим“, напиша Александра.


Дамјан и Александра се запознале во јануари 2024 година во Скопје, а нивната прва средба се случила сосема случајно на Ромскиот бал.

Слични објави

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.
Се вчитува....