14:08 - 1 април, 2026

Војводите од Сасекс на мета на критичарите: Соседите им прават проблем (ФОТО)

Војводите од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл повторно се најдоа на мета на критичарите и тоа се поради своите незадоволни соседи, меѓу кои многумина се вработени и во кралското семејство, пренесува The Sun.

Изворот за овој медиум откри како нивните соседи се бесни поради однесувањето на Меган Маркл и дека на ваков начин не се однесувала ниту самата кралица.

Наводно овој кралски пар донел низа одлуки за луѓето кои живеат во нивното соседство, тие во случај да го сретнат кралскиот пар при прошетка, строго е забрането да разговараат со нив, забрането е да го допираат нивното куќе или да нудат услуги да го почуваат Арчи.

– Никогаш не сме слушнале ништо слично. Секој кој живее на имотот и работи за кралското семејство знае да се однесува со почитување. Вакво нешто никогаш не ни е кажано ниту за кралицата, па таа е многу среќна кога луѓето ќе дојдат да ја поздрават, објасни изворот.

Меѓутоа, откако спорните информации процурија во медиумите, од палатата се огласија негирајќи ги наводите и објаснувајќи дека ова кралско семејство не дало такви ниту слични упати.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....