02:47 - 19 август, 2026

(ВИДЕО) Најмалата куќа во Британија е широка само 1,82 метри: Нема тоалет, а годишно ја посетуваат илјадници туристи

Јан Тајли е сопственичка на најмалата куќа во Британија, која веќе 100 години има место во Гинисовата книга на рекорди и сега привлекува илјадници посетители секоја година

Најмалата куќа во Велика Британија неодамна доби нов кревет. Една мала куќа во Конви, Северен Велс има две соби една над друга на приземје и прв кат. Ова се единствените простории во куќата што немаат ниту тоалет, само мијалник.

Јан Тајли, сопственичката на куќата, ја одржува како туристичка атракција шест месеци во текот на годината, иако оваа година мораше да се отвори малку подоцна од планираното поради ограничувањата предизвикани од коронавирусот.

„Куќата пет генерации е во моето семејство“, рече Јан за . The Mirror.

Мојот прадедо ја купил куќата во 1891. Но, од градот  девет години подоцна му рекле дека е премногу мала за да биде куќа и тие сакале да ја урнат. Но, за среќа, тој беше добар пријател со уредникот на локалниот весник, кој започнал кампања за да се дознае дали тоа е најмалата куќа во Британија и се докажало дека е најмалата куќа и градот не ја урнал, раскажал Јан.

Сепак, се тврдело дека куќата е се уште премногу мала да можат да живеат луѓе во неа, па затоа се користела како туристичка атракција.

Куќата е висока 3,9 метри и широка само 1,82, така што Гинисовата книга на рекорди ја препознава како најмалата британска куќа, а таква е веќе сто години

Сопственичката Јан никогаш не размислувала да стави мебел во куќата бидејќи нема доволно простор. Но, кога од компанијата Снуг ја контактирале за да видат дали еден од нивните кревети ќе се вклопи во куќата, таа помислила дека тоа ќе биде интересен предизвик.

Сакав да бидам таму кога го поставуваа креветот, не можев тоа да го пропуштам, истакнал Јан.

Десетици туристи, исто така, застанаа и гледаа како доставувачите се обидуваат да внесат креветот во најмалата британска куќа. Но, тие не се мачеа премногу, успеаја да го направат тоа за неколку минути.

Јан беше импресионирана од новиот додаток, но не за долго. Таа рече дека куќата годишно ја посетуваат околу 50.000 луѓе на кои и онака им е тешко да се движат во тесен простор, а сега ќе биде уште потешко.

Слични објави

Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Марина Петровска, велнес-советник: Понекогаш една одлука донесена од љубопитност може да ти го промени животот

Еспресо

Необична просидба: Немал пари да купи веренички прстен, па ја запросил со маче

Еспресо

(Фото) Кога сакате подарок поинаков од сите други, изберете рачно изработени свеќи со цветни мотиви

Еспресо

Каков фустан да избереме кога сакаме да оставиме впечаток? „Прагма“ го има одговорот

Еспресо

Марина Петровска, велнес-советник: Зошто многу жени не можат да ослабат иако се трудат?

Еспресо
Се вчитува....