14.8 C
Скопје
19:51 - 28 март, 2024

(Видео) Тоше Поп Симонов ја аранжираше новата песна на Алка Вуица, во најава и албум

Алка Вуица, една од најплодните хрватски авторки, има нов сингл со наслов „Не мислим више на тебе“. Музиката е со потписот на Марија Мирковиќ, некогашната членка на Фрајле која и сама успешно гради соло кариера. Аранжманот, миксот и мастерингот, пак, се дело на Тоше Поп Симонов.

Песната е направена одамна, уште во осумдесеттите, а ја најдов средувајќи ја својата архива. И’ ја испратив на Марија, која токму тогаш беше во Скопје. Веднаш влегла во студио, ја напишала музиката, а Тоше се понудил да помогне. Сѐ излезе некако спонтано и така е најдобро. Веќе одамна не сум имала балада и оваа песна е баш роматична“, вели Алка и додава: „Многу ми е мило што Маки ме спои со Тоше, кого неизмерно го ценам, но не сум имала можност да соработувам досега со него. Песната „Не мислим више на тебе“ настана со гитара, прво како текст, а потоа Маки ја направи мелодијата. Тоше со својот аранжман додаде и некои етно елементи и посебна емоција и мислам дека на песната ѝ даде посебна убавина, а повторно во мој сензибилитет. Од македонските автори сум соработувала со Роберт Саздов одамна, голем пријател сум со Влатко Стефановски и Калиопи, а мој другар и соработник веќе со години е и Дарко Димитров со кого сум имала неколку успешни соработки и со кого се надевам дека уште ќе соработувам. Поздрав до сите во Македонија, особено до мојата публика и едвај чекам повторно да дојдам.“

Дека случајните работи умеат да бидат одлични е доказ и оваа соработка со Тоше Поп Симонов.

„Марија Мирковиќ која е композитор на песната и нејзината менаџерка Лидија Самарџија беа работно во Скопје, ми се јавија да се видиме, Марија ми ја пушти песната во демо верзија, имаше нешто во демото што на прва ми ја создаде сликата во кој правец би ја однел јас како атмосфера, ѝ реков на Марија дека би можел да се обидам да ја сработам и ете – се случи убава песна. И јас некаде прочитав дека текстот е од некои други времиња, што мене како на аранжер воопшто не ми менува ништо. Алка Вуица со целиот свој авторски багаж, секако, дека е предизвик и мислам дека успеавме да создадеме едно заедничко дело кое ќе ѝ се допадне на нејзината публика, вели Поп Симонов, кому ова му е прва соработка со Вуица.

Вели, во целиот овој проект влетал сосема случајно, а со оглед на тоа дека овој албум веќе влегува во завршната фаза од реализацијата не е исклучена можноста за соработка на некој следен проект.

Соработката, пак, меѓу двете музичарки почна пред неколку години, а заедничка работа на новиот студиски материјал на Алка најавија со претходниот сингл „Луѓакиња“ со кој Алка настапи на минатогодишниот СМС фестивал во Водице. Новиот студиски албум ќе ја прекине дискографската пауза на Алка и тоа после дури 16 години.

„Станува збор за поп и вистински женски албум затоа што, впрочем, го прават две силни авторки“, додава Алка.

Видеото за песната „Не мислим више на тебе“ го режираше Шиме Ешкиња, а снимателскиот и монтажерскиот дел го одработи уште еден музичар Јероним Мариќ.

Слични објави

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо

(Фото) Весна Змијанац бакна непознат маж: Помлад од неа и покриен со тетоважи

Еспресо

(Фото) Ова е сестрата на Драгана Мирковиќ, неверојатно си личат: Таа ѝ е најголема поддршка!

еспресо
Се вчитува....