13:27 - 27 ноември, 2026

Треба ли да чувствувате вина доколку сакате да имате секс на првиот состанок?

Речиси сите девојки се прашуваат дали треба да имаат секс на првиот состанок. „Дали е во ред да го направам ова? Што ако веднаш потоа си замине? Што ако тоа ме прикаже во лошо светло?“ Овие и уште многу други прашања ги опседнуваат девојките кога станува збор за нивниот прв состанок со ново момче. Реално, нема ништо погрешно во тоа, доколку вие сметате дека е во ред. Погледнете ги овие причини кои ќе ви го потврдат тоа.

Никогаш не треба да чувствувате вина ако сакате да имате секс на првиот состанок

1. Не гледајте на сексот како да е натпревар

Сексот не е награда. Колку долго би чекале за да видите дали личноста ќе се задржи во вашиот живот за да го преземете овој чекор? Дури и откако ќе ја освоите, секогаш постои шанса таа личност да си замине од вас. Никој не сака да чека премногу долго, затоа што тоа ништо не ветува ниту гарантира. Секогаш ќе постојат лоши личности и луѓе кои ќе се обидат да ве искористат, но не треба да се чувствувате лошо поради тоа. Вие сте човечко суштество со сексуални потреби и сексот не треба секогаш да го поврзувате со емоциите. Понекогаш станува збор само за привлечност и тоа е сосема во ред.

2. Не треба да чувствувате вина

Повеќето девојки чувствуваат вина ако имаат секс на првиот состанок и мислат дека другите ќе ги доживеат на неубав начин. Но, повеќето мажи нема да ја навредат девојката која ќе го направи овој чекор. Вие треба да бидете сигурни во себе, да знаете дека го сакате тоа и да се доживувате себеси како божица која го има најголемиот дар на земјата.

3. Важно е да има привлечност помеѓу вас

Замислете го ова сценарио: Се состанувате со некоја личност неколку месеци и мислите дека доволно се познавате. Уживате да бидете еден со друг, па мислите дека дошло време да имате секс. Откако ќе го направите тоа, сфаќате дека ви било најлошото искуство во животот. Не значи дека ова секогаш ќе се случува, секако секој има различни потреби и желби. Но, важно е да сфатите дека не треба прекумерно да размислувате, па доколку сметате дека е во ред, нема ништо лошо во тоа да се одлучите за секс на првиот состанок. Престанете да се грижите дали таа личност ќе ви се јави или дали ќе ве смета за „лесна девојка“.

Слични објави

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.
Се вчитува....