17.8 C
Скопје
16:31 - 18 октомври, 2026

ТАКСИСТИ ВО ТАЈЛАНД: Немаат работа поради коронавирусот, ги искористиле своите возила на оригинален начин

тајланд такси

Во Тајланд, поради пандемијата на коронавирусите се воведени строги ограничувања, што резултирало со празнење на главните градски улици. Голем број од таксистите останале без работа. Но, снаодливите граѓани сега ги користат своите возила за одгледување зеленчук.

тајланд такси
Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Бидејќи тајландските таксисти во моментов се без работа, тие ги паркирале своите автомобили на еден голем паркинг во Банкок што локалните жители го нарекуваат „такси гробишта“.

тајланд такси
Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Меѓутоа, компанијата „Ratchaphruek“ одлучила да ги искористи покривите на возилата за да направи мали саксии за одгледување зеленчук, кои потоа ги делат на таксистите, како и на сите што останале без работа поради пандемијата.

тајланд такси
Фото: ЕPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Бројни видови зеленчук сега растат на покривите од такси возилата, а граѓаните веруваат дека ова е нивната последна опција.

„Порано се потпиравме на туризмот како главен извор на приход, но пандемијата направи многу промени. Одгледувањето зеленчук на покривите на овие автомобили нема да ги оштети. А голем дел од нив ионака се веќе речиси целосно уништени. Некои автомобили немаат мотори, други имаат дупнати гуми…“, рекол еден од локалните жители за „БИ-БИ-СИ“.

тајланд такси
Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо
Се вчитува....