Стивен Кинг со тешки обвиненија: Доделувањето на Оскарите е местенка!

Славниот писател Стивен Кинг ги повлече своите контроверзни коментари за различностите и церомонијата за доделување на Оскари. Во подолг есеј кој го напиша за „Вашингтон Пост“, тој тврди дека Оскарите се наместени во корист на белците.

Кинг беше во можност да номинира филмови во три категории: најдобар филм, адаптирано сценарио и оригинално сценарио, па во таа прилика го прокоментира признанието за жените и уметниците од црната раса на овогодинешното доделување на Оскарите.

Кога гласам за одредено остварување како член на Филмската академија, половата и расна разлика воопшто не ја земам предвид. Само квалитетот. Сметам дека секој друг начин е погрешен“, напиша Кинг на Твитер, по што следуваа повеќе реакции.

„По ѓаволите Стивен, по ѓаволите. Мислев дека си подобар од ова. Требаше да биде очигледно дека различноста и квалитетот не се две одвоени особини, ниту се спротиставуваат една со друга. Освен, можеби, во главата на фанатиците“, објави на Твитер Нора К. Џејмсин, авторка на „Петтото годишно време“.

Фото: Принтскрин

Со неа се согласиле многумина, по што Кинг објавил уште еден твитза да ја објасни својата точка на гледање на работите:

„Најважната работа која ние како уметници и креативци можеме да ја направиме е да се потрудиме секој да има еднакви шанси, без разлика на полот, бојата и ориентацијата. Моментално таквите луѓе се погрешно сфатени, не само во уметноста. Не можете да освоите награда, доколку сте исклучени од трката за истата“.

Познатиот автор на хорори во есејот истакнал дека неговите пораки се извадени од контекст.

Тој вусшност рекол дека оние кои одлучуваат за доделувањето на наградите, би требало да бидат слепи за било какви разлики меѓу уметниците.

Писателот тврди оти не рекол дека филмовите, романите, претставите и музичките дела кои се фокусирани на различноста или нееднаквоста не можат да бидат дело на креативен гениј.

Кинг есејот го продолжил со својата првобитна теза за тоа дека „судиите треба да бидат слепи, но дека ова не е совршен свет, бидејќи играта е наместена за белците да победат“.

Фото: Принтскрин

Стивен акцентот го ставил на демографски нашминканиот процент на различните гласачи за Оскарите: 32 отсто се жни и само 16 отсто се од малцинските групи.

– Оценувањето на работата според кој било друг стандард освен непристрасност, ја поткопува работата на сите уметници. Ние не живееме со совршен свет, а овогодинешните номинации за Оскари уште еднаш тоа го потврдуваат. Можеби еден ден ќе можеме? Можам да сонувам, зар не? На крајот на краиштата, измислувам приказни за да заработам за живот – истакнал Кинг.

По објавувањето на номинациите за Оскар за оваа година, на социјалните мрежи се појави и хаштагот #OscarsSoMale, со бројни критики поради тоа што режисерките масовни се исклучени од потесниот избор за најпрестижните филмски награди. 

Слични објави

ПОТВРДЕНО: Дикаприо и Де Ниро во новата драма на режисерот Скорсезе! (ВИДЕО)

Еспресо

Опра среде говор падна на сцената – Главен виновник погрешните штикли (ВИДЕО)

Еспресо

Импресиите од прославата на Врањеш не стивнуваат: За Цеца најскапиот апартман! (ФОТО)

Igor

НЕ ЖАЛИ ПАРИ ЗА НЕА: Ќерката на Чола носи облека од 2.000 евра, а на Инстаграм често ПРОВОЦИРА! (ФОТО)

Еспресо

Повторно се собира НАЈСЕКСИ ЖЕНСКИОТ БЕНД на сите времиња

Igor

Освојте ги и ќе ве сакаат до крајот на животот: Најпосветените хороскопски знаци

Еспресо

Остави Коментар

оне × четири =

Слични објави

Исхраната на Џејсон Стејтам го довела овој јутјубер до корисно сознание! (ВИДЕО)

Еспресо

Романтичната љубовна приказна на еден од најголемите холивудски заводници, актерот Метју Меконахи!

Слободен Печат

Мадона пред својот концерт со многу чуден стајлинг! Луѓето се прашуваат што и станало на пејачката?

Igor

Како политичарите го пополнуваат слободното време: Макрон ужива во караоке, Меркел во готвење

Слободен печат

Сандра Африка го „фрцкаше“ задникот во Гевгелија, а позната светска порно-ѕвезда ѝ остави коментар! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Анџелина Џоли не сака да биде пријателка со Пит: „Тој ми го преврте животот наопаку!“

Igor