17:59 - 10 ноември, 2026

Па, нешто нормално како автобус и не очекувавме: „Рамштајн“ со цепелин кружи над Америка! (ВИДЕО)

Изминативе денови бел цепелин кружи над Лос Анџелес, објавувајќи ја на тој начин северноамериканската турнеја на германскиот метал бенд „Рамштајн“.

„Рамштајн, северноамериканска стадион турнеја. #ПодготвисеАмерика“, пишува на цепелинот кој ги воодушеви жителите на Лос Анџелес.

Слики и снимки од цепелинот го преплавија интернетот.

„Рамштајн со цепелин лета над Лос Анџелес. Тоа е навистина кул – пишуваат некои од фановите на социјалните мрежи, додека други се понадевале дека и во останатите градови во кои треба да настапува германскиот бенд, фановите ќе бидат поздравени на сличен начин. 

Нивната северноамериканска турнеја ќе трае од август до септември.

Во меѓувреме, фановите на „Рамштајн“ во Европа имаат прилика да уживаат во нивните одлични настапи и уште подобра музика.

Слични објави

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.
Се вчитува....