17:09 - 10 ноември, 2026

Од гитарист до дизајнер на женски градници: Брајан Меј ја изненади јавноста со новата „професија“ (ФОТО)

Легендарниот гитарист на групата „Queen“ , Брајан Меј, дизајнира женски спортски градници по цена од 46 долари, украсени со гитари.

Компанијата на гитаристот, „Brian May Guitars“, промовираше и линија на хеланки со примероци од гитари, инспирирани од хитот „Fat bottomed girls“, но тие се целосно распродадени.

Фановите на „Queen“ го изразиле своето воодушевување, но некои од нив се прашувале и што се случува со бендот, односно дали ќе има нова музика.

„Господе, Брајан Меј штотуку лансираше спортски градници и хеланки и ми требаат веднаш!“, гласи само една од многуте реакции на Твитер.

„Набавете ги додека се врели“ – одговорил 72-годишниот гитарист на „Queen“, кој и натаму оди на турнеи со бендот, пренесува „Сан“.

„Одлуката на Брајан да претстави своја линија на спортски градници и хеланки можеби изненади многумина, но тие се популарни, па коцкањето се исплатеше“, соопштил извор близок до Меј за британските медиуми.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....