17:39 - 10 ноември, 2026

Кајли Џенер повторно мета на критики поради новата колекција! (ФОТО)

Најмладата милијардерка Кајли Џенер (22) на своите пријатели им се пофали на друштвените мрежи дека ќе пушти во продажба колекција на шминки под името Сторми, како што се вика нејзината ќерка која во февруари ќе го прослави својот втор роденден.

Сепак Кајли беше критикувана што на фотографиите за промоција на шминката стави само една слика од девојчето, а на сите останати таа е сама. На фотографиите таа носи проѕирен фустан и се наоѓа на сет како шумска вила.

Instagram

Во прв план, секако, таа го истакна својот задник. За оваа пригода таа носеше и перика. Во објавата таа напиша дека е среќна што колекцијата наскоро излегува и дека не може да дочека тоа да го прослави со својата ќеркичка. Сепак, следбениците и приговориле поради тоа што премногу се користела себе во кампањата, наместо ќерката.

„Каде е Сторми? Би било убаво доколку видиме убава слика од Сторими на лансирањето на нејзината колекција. Ти си многу убава, но сфати, тоа е нејзина колекција“, бил само еден од коментарите.

Сепак, тие кои редовно се на профилот на Кајли на друштвените мрежи, не им избегна тоа дека ријалити-ѕвездата неодамна објави фотографија со девојчето и напиша дека тоа го посакувала уште кога останала бремена.

Instagram

„Мислам дека ова го очекував уште од моментот кога дознав дека сум бремена. Целата колекција е посветена на мојата прекрасна ќерка, не можам да дочекам да ислезе. Ќе се заљубите“, рекла Кајли.

„Ете, битно веднаш ја нападнавте. Па таа ја родила, нека се промовира малку и себе. Како и да е, Сторми ионака е премногу изложена во јавноста. Само велам“, коментирале останати.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....