21.8 C
Скопје
05:55 - 23 август, 2026

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

Без разлика дали го славите или не, на божиќните денови и сета еуфорија што ги придружува им се радуваат многу луѓето низ целиот свет, особено најмладите. Но, тоа не е случај и со божиќните реклами кои годинава се појавија порано од вообичаено.

До Божиќ и до новогодишната атмосфера остануваат уште неполни три месеци. Есента штотуку пристигна, а многумина сè уште не сакаат да го прифатат фактот дека наскоро следуваат многу постудени денови.

Други пак одвај дочекаа да ја отворат празничната сезона, што дефинитивно не помина добро кај публиката.

Првата божиќна реклама се појави на 7 октомври, на сајтот на британската компанија Very.co.uk, а на неа се гледа мајка која рано го слави празникот, додека во позадина се слуша: „Божиќ не е само еден ден, туку повеќе денови“.

Без разлика на пораката, на луѓето веројатно им дојде премногу рано празничната атмосфера да започне уште во октомври, па незадоволството не го криеја ниту во коментарите – пишуваа дека им е уништено расположението и дека вакво нешто е „тотално лудило“.

„Колку и да го сакам Божиќ, смешно е уште сега да се гледаат божиќни реклами“, напиша еден гледач, додека друг додаде: „Сакам да гледам вакви реклами, особено првата на Кока Кола… но не ми се верува дека оваа година тоа се случи во првата недела од октомври“.

„Тоа е она што не е во ред со Божиќ… започнува 12 недели пред вистинскиот ден… навистина смешно“, коментираа гледачите.

Инаку, ова не е прв пат британската компанија да објавува предвремени божиќни реклами. Тоа го направија и минатата година на 1 ноември.

Директорката за маркетинг тогаш се правдаше дека рекламата била прикажана порано затоа што празничните деновите како овие им биле „украдени“ на луѓето за време на пандемијата.

„Откако минатата година Божиќ им беше украден на многумина со затворањето во последен момент, сакавме порано да влеземе во тој дух и без срам да ја отвориме сезоната штом лисјата почнат да паѓаат“, објасни Карли О’Брајан, директорка за маркетинг на компанијата. Оваа година компанијата сè уште не се огласила за ова прашање.

Слични објави

(Фото) Џина Џиновиќ ужива на Миконос на јахтата од 10 милиони евра на новиот сопруг на Мелина

Еспресо

Напорни тренинзи, одрекувања, дисциплина – Натали Портман имала сурови подготовки за улогата во „Црниот лебед“ која ѝ донесе Оскар

Т.Ц.

„Сите се на твојата листа. А ти?“ – Марина Петровска, велнес-советничка, зборува за грижата за себе која не е привилегија, туку неопходност

Еспресо

(Фото+видео) Јаков Јозиновиќ објави фотографии од летувањето: „Најдобар одмор досега, со пријатели“

Еспресо

(Фото) Рушка Јакиќ го покажа своето лице без шминка во деветтата деценија од животот

E.A.

Ќерката на Гоца Тржан, Лена Маринковиќ го оперираше носот?

apostolova
Се вчитува....