18:41 - 1 април, 2026

Во два потега до заводлив изглед: Мејкап трик за визуелно пополни усни! (ВИДЕО)

Со помош на овој трик ќе постигнете поголем волумен на усните за само една минута…

Основниот трик е во негувањето на усните. За било кој кармин да изгледа убаво, неопходна е добра подлога, затоа пред секое нанесување на руж, направете пилинг на устата.

Со пилингот ќе ја поттикнете циркулацијата, па и со самата таа постапка тие во истиот момент ќе добиете волумен.

Пилингот можете да го направите и сами, а се што ви е потребно се три состојки:

– шеќер
– мед
– кокосово масло

Подготовка:

Мешајте ги сите состојки додека да добиете хомогена и малку погуста смеса, а потоа со тоа измасирајте ги усните.

По пилингот нанесете балзам со цел добро да ги хидрирате и нахраните.

Следниот чекор е нанесување на мала количина на коректор. Лесно натапкајте го со прстите на усната и малку над неа. На тој начин ќе добиете поголема површина за нанесување на руж, а воедно ќе го продолжите и неговото траење.

За да ги нагласите контурите на усната, на врвот од горната усна нанесете малку хајлајтер, а потоа исцртајте ја со моливче.

Изберете моливче за нијанса потемна од ружот кој имате намера да го нанесете. На крајот на ред доаѓа и карминот. За најдобар ефект, шминкерите советуваат да се одлучите за мат кармини.

Погледнете ја целата постапка во видеото:

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....