17:37 - 28 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Поинтензивни врнежи од снег и дожд, проверете кога!

– Како што претходно кажавме, утре претпладне сеуште ќе има услови за локално провејување на снег. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Потоа во среда и во четврток претпладне ќе биде претежно стабилно, суво и сончево. Нов влажен и СТУДЕН воздушен бран се очекува во четврток попладне и во петок, и истиот ќе услови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и од снег. Наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
И во Скопскиот регион понатаму ќе имаме претежно стабилно и суво време, додека врнежи од дожд и од снег се очекуваат во четврток навечер и во петок. Особено утре ќе дува засилен ветер од северен правец, додена наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 6 степени.

Слични објави

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо
Се вчитува....