13.8 C
Скопје
12:46 - 25 април, 2024

ФИЛИП РИСТОВСКИ ИМА ИНСПИРАТИВНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА: Му давале само еден процент шанса за живот, му рекле дека нема да може да оди, а тој станал да трча!

Од живот на конец сега полн со предизвици да игра пак фудбал и да помине повеќе километри со трчањето! Лесно можеме да се соочиме со низа на несреќни околности за кои не сме подготвени, дури ни на сон не би помислиле на нив. Важно е само да ја промениме перспективата. Ќе бидеме далеку поподготвени за несреќните околности ако го прифатиме единствениот факт, дека не може да постојат животни подеми без падови.

фото приватна архива

Филип Ристовски чиj живот кој после кобната сообраќајна незгода висеше на конец, 20-на дена беше во длабока кома, денес е младо момче на кој што Господ му подари втор живот и кој што истиот го живее со полни гради.

– Нема живот без подеми и падови, секој се соочил со ситуација која го клекнала на коленици, тоа мене ми се случи на 15.06.2016 година. Како и секој средношколец, по завршувањето на средно, се вработив како ИТ техничар. Еден работен ден, на бул. Јане Сандански, на паркинг пред зградата каде местев интернет, со една нога на тротоар, ме удри несовесен возач со автомобил. Возеше со голема брзина, бев влечен неколку метри и се здобив со тешки телесни повреди – започнува Филип.

Бил итно однесен во Градската болница, во коматозна состојба. Докторите воопшто немале надеж дека Филип ќе се избори со состојбата.

– Само еден процент шанса ми даваа докторите, така им кажале и на моите најблиски, еден процент шанса за живот. Во тие моменти, јас не се ни сеќавам, дале се од себе, останатото го оставиле на Господ.

Филип се изборил, тој еден процент за живот, заедно со вербата во Бог, ги прифатил како предизвик.

– Соба број 25. Соба во која една година размислував за својата втора шанса. Денови кои  никогаш нема да ги заборавам. Се разбудив од кома, но бев неподвижен. Бројни скршеници, болка која ме потсетуваше на се. Болка која сакав да ја нема, да ја надминам. Нема да можеш да одиш, ми рече еден доктор. Врзан за количка, решив, нема да бидам. Станав, вежбав, упорен дека ќе успеам. – се сеќава Филип.

фото приватна архива

Пред кобната незгода, Филип имал успешна и ветувачка фудбалска кариера. Сето тоа се срушило во моментот кога бил удрен од автомобил. Но Филип по опоравувањето од тешките моменти, се вратил на атлетските патеки. Секоја негова трка е нов предизвик за успех.

– Го сакав фудбалот, играв во третта лига Север, но исто така го сакав и трчањето. Се се сруши кога доживеав несреќа. Но повторно почнав да ги градам успесите, но овојпат во трчањето. Учествувам на маратони и постигнувам успеси.

Тој после се она што го доживеа, напиша авторска книга во која го раскажува целиот свој живот, сите тешки и болни моменти како и се она што тој го има преживеано изминатиот период.

– „Победата му е најслатка на тој што ќе победи” е насловот на книгата. Особено одвоив една страница во книгата во која имам посвета за мојата мајка и сестра која вели: На мајка ми Сузана и сестра ми Радица им се заблагодарувам за несебичната љубов и невидената трпеливост – вели Филип.

Филип денес има приказна која ја раскажува со гордост, живот со кој се инспирира себеси, но и останатите кои во одреден момент ќе се соочат со својот тежок пад.

фото приватна архива

Слични објави

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

еспресо

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо
Се вчитува....