10:58 - 7 ноември, 2026

Секоја роза носи посебна порака! Еве што им порачувате на мајките, сопругите, девојките, пријателките кога им давате црвена, жолта или овената роза за 8 Март!

Секоја роза со себе носи посебна порака, која можете да ѝ ја испратите на онаа за која е наменета, а да не знаете дека тоа сте го направиле. Затоа, добро размислете која боја е најдобро да се избере.

Жолта роза
Симболиката на жолтата роза може да претставува задоволство или љубомора, или дека некој сака да ви биде само пријател.

Бела роза
Наклонетост и почитување. Оваа боја симболизира чистота, смиреност и искреност.

Розева роза
Восхит, благодарност. Оваа боја симболизира женственост, отменост и со неа се искажува чуство на среќа.

Портокалова роза
Фасцинираност. Се работи за боја која открива желба за некого.

Роза со боја на праска
Симпатија. Но исто така и одраз на скромност и благодарност.

Виолетова роза
Восхитеност. Покажува дека се работи за љубов на прв поглед.

Жолта роза
Љубомара. Општо е познато мислењето дека оваа боја симболизира љубомора, но исто така може да симболизира и пријателство (светло жолта).

Црвена роза
Само една црвена роза обично ја симболизира љубовта, но ако добиете темноцрвена, тоа може да значи дека тој што го дава подарокот верува дека сте страмежливи и дека ви треба поттик за повеќе самодоверба.

Темноцрвена роза
Несвесна убавина. Ова по значење е посуптилна нијанса на црвена роза.

Сина роза
Нешто невозможно. Имено, оваа боја не постои во природата, туку е вештачки креирана.

Овената роза
Нема многу дилема околу тоа што значи кога ќе добиете овената роза.
„Не сакам повеќе да те видам“, најубаво кажано…

Слични објави

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо
Се вчитува....