21:51 - 29 ноември, 2026

Овие познати дами се бореле да станат мајки, па и открија на јавноста низ што сѐ поминале (ФОТО)

Многу познати ѕвезди во минатото имале проблем да останат трудни, некои од нив сакаа да се остварат во улогата на мајка па посвоија деца, други пак ангажираа сурогат мајка, а имаше и такви кои по многубројните обиди сепак останаа бремени по природен пат.

Никол Кидман, Кортни Кокс, Ема Томпсон, Ким Кардашијан и Криси Тајген јавно зборуваа за својата борба за потомство.

Никол Кидман

Оскаровката во една прилика изјави дека имала „вистинско патешествие во возот на смртта за да остане трудна“, објаснувајќи дека таа и нејзиниот поранешен сопруг Том Круз одлучиле да ги посвојат Изабела и Конора откако не можеле да добијат дете по природен пат.

Сепак, Никол подоцна успеа да остане трудна и по природен пат ја доби ќеркичката Сандеј Роуз, а откако подоцна повторно имаше проблем со бременоста, таа ангажираше сурогат мајка која и ја роди ќерката Фејт.

Кортни Кокс

Ѕвездата на серијата „Пријатели“ открива дека имала неколку неуспешни обиди да остане трудна пред по вештачки пат да ја роди ќерката Коко.

Актерката и нејзиниот поранешен сопруг повеќе пати се обидувале таа повторно да остане во блажена состојба.

– Не велам дека тоа е прошетка во парк, но што можете да направите? Ние едноставно само пробувавме повторно и повторно – рече Кортни.

Ема Томпсон

Актерката имала спонтан абортус пред да ја роди ќерката Гаија во 1990 година. Откако не можела повторно да остане трудна ниту со помош на вештачко оплодување, таа го посвоила синот Тинди.

– Ми кажаа дека нема да можам да имам повеќе деца и тоа ми падна многу тешко, но ако одново останев трудна, ќе го пропуштев овој прекрасен чин на мајчинство со Тинди – изјави Ема.

Ким Кардашијан

Ким Кардашијан преку сурогат мајка ја доби ќерката Чикаго и синот Псалм. Ким не можеше да раѓа повеќе поради компликации со кои се соочи во текот на првите две бремености.

Реалити ѕвездата беше отворена по ова прашање и призна во јавноста дека тоа и е најболното искуство во животот.

Криси Тајген

Сопругата на Џон Леџенд зборуваше за тоа дека не успеала да затрудни по природен пат, па дека со помош на вонтелесно оплодување ги родила ќерката Луна и синот Мајлс.

– Сфативме дека мораме да посетиме доктор и да видиме зошто по природен пат не можам да останам трудна. Знаете, понекогаш тоа е потешко за некои луѓе отколку за други – рекол порано нејзиниот сопруг Џон.

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.
Се вчитува....