04:57 - 28 ноември, 2026

Кармата на дело: Купила 18 тоалетни, а децата и ги потопиле сите! (ФОТО)

Пандемијата од коронавирусот многу луѓе ги испаничи со прогласувањето на карантин и затоа тие ги преплавија маркетите во потрага по продукти за преживување, но во огромни количини! Некои во паника купуваат преголеми количини за залиха, што пак кај други купувачи предизвика бес, бидејќи не успеале да ги купат ниту најосновните. Но, поради некоја причина многумина се опседнати со купување огромни количини на тоалетна хартија.

Една мајка од Хемпшир купила 18 тоалетни, но ѝ се случило малер, децата сите ролни ги ставиле во кадата и потопиле со вода. Оваа случка на Твитер ја сподели близок пријател на мајката, Ед Каминг, а објавата собра илјадници лајкови и стотици коментари.

Децата ја расфрлале тоалетната во кадата заедно со своите играчки, не сметајќи дека со тој потег прават нешто лошо.

„Карма“, „На децата им се допаѓа тоалетна хартија“, „Исуши ја со фен за кос“, „Ова ќе ме докрајчеше“, се само некој од коментарите оставени под фотографијата.

Слични објави

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.

Не ги чувајте компирите на ова место — грешка што многумина ја прават во зима, а поради која побрзо се расипуваат

К.С.
Се вчитува....